Ова забавно видео со говорот на комедијантот Џулија Свини покажува дека понекогаш не можеме да ги избегнеме одговорите на некои прашања, особено кога другите ни поставуваат умни прашања. Преземено од: www.ted.com
Category Archive: Видео
Sep 13
Како да слушате подобро
Во нашиот сè побучен и побучен свет, како што вели експертот за звук Џулијан Трежер, “Го губиме нашето слушање.” Во овој краток и фасцинантен говор, Трежер, споделува пет техники како да го истренирате вашиот слух за свесно слушање на другите луѓе и на светот околу вас. Ние го губиме нашето слушање. Џулијан Трежер тврди дека …
Sep 08
Дерек Сиверс: Чудно или само различно?
Како што вели поговорката: „Секое нешто има две страни“, и за 2 минути, Дерек Сиверс покажува дека ова е вистина за работи кои не сте ги очекувале. Преземено од: www.ted.com
Sep 04
Како да бидете креативни во ресторан
Бен Роше и Хомаро Канту се готвачи, сопственици на ресторан од 2004 година. Посетителите на почетокот мислеле дека тоа е јапонски ресторан и поради тоа постојано имале нарачки за јапонска храна. После десет илјади нарачки за маки рол, тие решиле на луѓето да им го пружат она што го барале. Како започнале? Земале една порција …
Aug 31
Три С за совршено
Блогот на Нила Пасрича – “1000 Awesome things”, ги промовира едноставните животни задоволства, од бесплатното кафе до чистата постелнина. Во овој искрен говор одржан за време на конференцијата TEDxToronto, тој открива три тајни кои започнуваат на буквата „С“ и кои ќе Ве доведат кон навистина чудесно живеење. Преземено од: www.ted.com
Aug 28
Да ги одгледуваме децата да бидат претприемачи
Здодевно му е во училиште, бега од часовите, не се согласува со другарчињата: Ова дете може да биде претприемач, вели Камерон Херолд. На конференцијата TEDxEdmonton, тој зборува за родителство и образование кое им помага на идните претприемачи да процветаат – како деца и како возрасни. Преземено од: www.ted.com
Aug 22
Полесно е да се штеди утре, отколку денес
Лесно е да си ветите дека ќе започнете да штедите идната седмица, но што доколку треба да започнете денес? Денес сакаме да трошиме. Економистот Шломо Бенарци е еден од најголемите поборници за штедење за пензија. Тој прашува: Како предизвиците во однесувањето да ги преиначиме во решение? Бенарци е еден од основачите на програмата Заштедете Повеќе …
Aug 16
Тајното задоволство за подобра работа
Веруваме дека треба да работиме за да бидеме задоволни, но можно ли е обратното да е поточно? Во својот брз и забавен говор од TEDx, психологот Шон Акор дискутира за тоа како задоволството кај луѓето инспирира продуктивност. Да се биде над просекот Доколку се постави прашањето: Колку брзо може да научи да чита едно дете …
Последни коментари