«

»

Sep 07

Дали да си заминам?

“Јас сум посветен(а) на работата, на животот и на сите значајни работи кои ги правам. Но наидувам на потешкотии во работата. Мислам дека моите основни вредности не се споделуваат со раководството на организацијата каде што работам. Што треба да сторам? Дали мислите дека треба да си заминам?”

Ова прашање му било поставено на др. Грег Вадел, доктор по стратешко лидерство. Тоа го натерало да размисли малку подлабоко. Како Вие би одговориле на ова прашање?

Што да сторите кога Вашите основни вредности не се споделуваат од луѓето со кои се обидувате да раководите? Кога му го поставиле ова прашање, му станало непријатно затоа што не можел веднаш да одговори. Подоцна, сфатил дека не знае како да одговори на ова прашање.

Тој не го знаел одговорот, бидејќи одговорот на прашањето зависи од личниот избор на поединецот. Секоја индивидуа треба да избере колку далеку е спремна да оди, уште колку време е спремна да вложи и уште колку средства е подготвена да жртвува. Затоа и не постои еден единствен одговор на прашањето.

Др.Вадел смета дека не може да даде одговор на прашањето, затоа што не ги знае сите фактори и однесување во нечиј друг живот, во друга организација, ниту во животите на другите индивидуи кои ја сочинуваат организацијата. Овој систем од водилки е сложен и тој не би се обидел да даде одговор на прашањето во име на некој друг.

Дополнително, обидот да се одговори на ова прашање за некого е обесхрабрувачки, што е и најчест случај со наоѓањето одговори. Учењето доаѓа преку вложување труд и преку размислување. Дури и доколку се даде одговори – дури и правилен одговор – сепак предлага секој поединец да мине низ мачниот процес на размислување и да ужива во процесот на учење.

Каков совет може да ни даде тој? Прашањето беше: Доколку моите основни вредности се разликуваат од вредностите на раководството на организацијата во која работам, дали треба да си заминам? Следуваат неколку чекори кои можете да ги преземете за да самите си одговорите на ова прашање.

На почеток, утврдете од кои принципи ќе се водите при донесувањето на одлуката. Со други зборови, наместо да се фокусирате на одговорот, фокусирајте се на општите вредности и принципи кои ќе ве доведат до одговорот.

Изберете стратегија. Водете ја организацијата преку претходно утврдени стратегии, структури, човечки ресурси, награди и процеси. Јасните граници на делување ќе Ви помогне да ја утврдите областа во која можете да ги применувате Вашите вредности.

Трудете се да постигнете меѓусебно разбирање наместо само да постигнете договор. Доколку утврдите дека Вашите вредности се во конфликт со вредностите на организацијата, гледајте на тоа како на нешто позитивно. Во тој случај барем ситуацијата ќе ви биде многу појасна.

Разберете дека сте онаму каде што сте, бидејќи треба да сте на тоа место. Доколку треба да погрешите, направете грешка и понатаму останете во организацијата.

Обидувајте се да им служите на другите. Дали срцето Ви е на место? Дали реагирате од аспект на себичност или од желбата организацијата и луѓето во неа да ги видите како напредуваат?

Сакајте ги луѓето онакви, какви што се. Знаеме дека бракот не оди добро кога еден од сопружниците започнува да бара нова замена за другиот сопружник. Промената секогаш треба да биде мотивирана од самите Вас и неа треба да и претходи безусловна позитивна потреба.

Најдете ја најдобрата варијанта за организацијата. Долгорочно гледано, дали организацијата ќе функционира подобро доколку си заминете? На ова прашање е тешко да се даде одговор. Сите ние сакаме да мислиме дека сме незаменливи, и овој начин на размислување најчесто не издигнува над самите вредности на организацијата.

Живејте ја сегашноста. Понекогаш прашувањето самите себеси и согледувањето на моментална функција е индикатор за нашата неможност да живееме во сегашноста. Наместо постојано да гледате кон иднината, застанете за момент, погледнете околу Вас и почувствувајте ја Вашата околина. Дали одвоивте време целосно да ги сфатите другите, да ја откритете нивната приказна, да ја разберете нивната ситуација? Дали сте толку преокупирани со она што сакате да го постигнете, поради што и не успевате да станете она што сакате?

Грег Вадел

Сугестијата на Др.Грег Вадел е со користење на овие принципи – или со други кои ќе ги утврдите Вие самите – да започнете да го одговорите прашањето кое го поставивме на почетокот. Применувањето на секој од овие принципи, ќе ви одземе малку повеќе време, но на крајот ќе Ве доведе до правилна одлука.

Автор: Грег Вадел, www.leadstrategic.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO