«

»

Oct 16

Ричард Бренсон: Како да постигнете рамнотежа помеѓу животот и работата

Како и секој друг претприемач кој започнува нов бизнис, нормално е постојано да Ве следи чувството дека имате стотици работи кои треба да ги завршите, а никако да најде време за тоа. Во таква ситуација лесно се занемаруваат здравјето и фамилијата, поради тоа што најголемиот дел од времето го минувате завршувајќи ги најитните работи. Наоѓањето време за себе или време за размислување за иднината на Вашиот бизнис едноставно Ви изгледа невозможна мисија, но, не можете постојано да трчате со 100 километри на час без да дополните гориво во телото.

Едноставното планирање на секокј нов ден може да биде вистински предизвик. Мислам дека денешната технологија е навистина од голема помош – може да користите календари, email потсетници или потсетници на Вашите мобилни телефони, и едноставно да раководите со секој состанок, настан или дружење со пријателите. Исто така овие алатки можете да ги користите за да се осигурате дека имате доволно време и да се најадете, и добро да се наспиете. Моето семејство е центарот на мојот живот па каде и да сум во светот, секогаш кога имам барем и неколку слободни минути, им се јавувам на мојата сопруга и на моите деца. Кратките паузи може да бидат од огромно значење. Кога работите се одвиваат хаотично, секогаш добро ми доаѓа една шолја чај која ме ревитализира, особено после долгите денови исполнети со бизнис патувања, состаноци. Топла и релаксирачка бања исто така многу помага. И на крајот да не заборавите да вежбате, да го одржувате телото витално и во форма исто како и Вашиот мозок.

Додека некои луѓе се обидуваат да се справат со стресот на претприемништвото, преку поставувањето на строги рутини кои го покриваат основниот минимум – јадење, спиење и можеби кратко вежбање – јас не можам да ја споделам мојата секојдневна рутина затоа што и немам таква. Се трудам секој ден да ми биде различен и доколку си го сакате животот и целосно уживате во него, постојат неограничен број начини како корисно да го поминете денот.

И како претприемач, потребно е да најдете начин како да бидете флексибилни, бидејќи доколку постои проблем, потребно е да знаете како да им дадете приоритет на работите. Доколку имате претходно договорен ангажман, тогаш завршете го прво него. Открив дека најдобриот начин е да вработам луѓе кои би можеле да го преземат мојот бизнис а јас за тоа време да можам да ја претставувам Вирџин Груп. Овој пристап се покажа како многу корисен, особено во последните неколку години. Еден период, ова беше со толку голем приоритет што ги откажав сите други планирани активности за да се фокусирам на ова и да се обидам да ги најдам најдобрите луѓе.

Откако ќе научите како да делегирате должности и да се ослободите себеси од микроменаџирање, потребно е да ја искористите шансата и да се фокусирате на иднината. Одвојувањето време за инспиративни мисли е витално за бизнисот. Во деновите кога сум на мојот остров, секој ден го минувам во лежалката со моите бележници и со мојот iPad, размислувајќи за нови соништа и нови идеи. На почетокот на Вашата кариера, можете да имате само десетина минути за време на вашето бизнис патување или помеѓу два состаноци. Дури и само толку време да имате, тогаш и тоа време треба да го искористите најдобро што можете.

Учењето како да делегирате исто така значи дека Вие можете да се исклучите од обврските во секое време и на неопределно време, и доколку тоа го практикувате, повремено ќе можете да здивнете и да останете свежи за важни работи и обврски. Одвојувањето време за размислување за другите, како на пример работа на добротворни проекти, што е едно од моите најголеми задоволства. Бизнис лидерите честопати се затвораат во сопствениот свет, па затоа добротворната работа ги одржува работите во движење. Зачудувачки е како фокусирањето на вашата свест на работи како здравје, удобен живот или климатски промени, може да помогне да ја обновите енергијата за работа во другите области.

На крајот, за да се освежите и да бидете подготвени на било што, треба да најдете време за играње. Ќе бидете далеку поуспешни доколку честопати се забавувате, па затоа играјте се исто онолку колку и што работите. Најдете време за смеење, без оглед дали е тоа кога се дружите со Вашите пријатели, разговарате со нови познаници или кога споделувате шега на Твитер. Потоа, кога новата прилика ќе затропа на врата, отворете ја вратата и уживајте.

Преземено од: http://www.entrepreneur.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO