«

»

Sep 13

Како да слушате подобро

Во нашиот сè побучен и побучен свет, како што вели експертот за звук Џулијан Трежер, “Го губиме нашето слушање.” Во овој краток и фасцинантен говор, Трежер, споделува пет техники како да го истренирате вашиот слух за свесно слушање на другите луѓе и на светот околу вас.

слушате

Ние го губиме нашето слушање. Џулијан Трежер тврди дека во просек околу 60% од времето на комуницирање трошиме на слушање, но не сме многу добри во тоа. Задржуваме само 25% од она што ќе го слушнеме.

Тој слушањето го дефинира како давање значење на звукот. Го смета за ментален процес и за ова луѓето користат неколку прилично добри техники. Една од овие техники е препознавањето на обрасци: кога во галама од толпа препознаваме одреден сигнал. На пример кога некој кој ќе го изговори нашето име. Друга техника која ја користиме е разликувањето. Доколку подолго време престојуваме во просторија со монотона тивка галама – по неколку минути едноставно престануваме да и обрнуваме внимание. Нашето уво игнорира звуци кои не се менуваат.

Луѓето поседуваат филтри за слушање. Тие ја создаваат нашата реалност бидејќи ни кажуваат на што обрнуваме внимание во моментот. Најголемиот дел од луѓето не се свесни за овие филтри.

Звукот нè сместува во простор и во време. Обидете се да ги затворите очите во просторијата каде се наоѓате. Ќе бидете свесни за големината на просторијата од самото ехо и од одбивањето на звукот од ѕидовите. Ќе бидете свесни колку луѓе има околу вас поради микро-буката која тие ја создаваат. Нашето слушање треба да стане главниот начин преку кој го искусуваме текот на времето – од минатото кон иднината.

Трежер тврди дека полека го губиме нашето слушање. Има повеќе причини зашто го вели тоа. Пред сè, измислиени се бројни начини за снимање, прво пишувањето, потоа аудио снимањето и сега видео снимањето. Извонредноста во прецизно и внимателно слушање едноставно исчезнува. Второ, светот денес е премногу бучен.

Тој смета дека губењето на нашето слушање претставува сериозен проблем. Слушањето е нашиот пристап кон разбирањето. Свесното слушање секогаш создава разбирање. Без свесно слушање ќе добиеме свет во кој самите луѓе не се слушаат едни со други.

Затоа Трежер во својот говор споделува пет едноставни вежби, техники кои може да ги примените, за да го подобрите вашето свесно слушање.

Тишина
Првата техника е тишината. Искусувањето на само три минути дневна тишина претставува прекрасно искуство за да го ресетирате вашиот слух и да го рекалибрирате за да можете повторно да ја слушнете тишината. Доколку не можете да постигнете апсолутна тишина, доволно ќе биде да најдете што потивко место.

Миксер
Втората техника е наречена миксер. Дури и доколку сте во бучна средина, како на пример во кафе бар, слушајте колку различни канали на звук можете да чуете? Колку од нив во тој микс можете да препознаете?
Оваа техника можете да ја пробате и на некои убави места, како на пример покрај некое езеро. Колку птици слушате и каде се тие? Од каде ги слушате бранувањата? Одлична вежба за подобрување на квалитетот на вашето слушање.

Вкусување
Третата вежба е наречена вкусување. Се мисли на уживање во карактеристични звуци. Трежер вели дека кога подобро ќе го слушнете звукот на машината за сушење алишта, ќе забележите дека таа работи во ритамот на валцерот. Или предлага да се обидете да уживате во звукот на мелница за кафе. Карактеристичните звуци може да бидат интересни кога ќе им обрнете внимание. Тие се околу нас постојано.

Позиции за слушање
Следната вежба е веројатно најважната од сите овие, доколку тргнете само една работа. Ова се позициите за слушање, замислата дека можете да ја промените позицијата на слушање во најпогодната за она што го слушате. Ова е играње со оние филтри, што беа споменати на почетокот.

Кратенка
И конечно петтата вежба, кратенка. Оваа техника можете да ја користите во слушање или во комуникација. Кратенката е RASA е санскритскиот збор за сок или за суштина. RASA се користи и за:
(Receive) Примање – што значи внимавање на личноста;
(Appreciate) Почитување – правење мали звуци како “ахам”, “о”, “океј”;
(Summarize) Заклучување – зборот “па” е многу битен во комуникацијата;
(Aks) Прашување – поставувајте прашања отпосле.

За Трежер, звукот претставува пасија. Тој има напишано цела книга за тоа. Тој живее за да слуша. Верува дека секое живо суштество треба да слуша внимателно за да живее целосно поврзано со времето и просторот на физичкиот свет околу него. Звукот му е потребен на секој поединец за биде поврзан во разбирањето со другите. Звукот е потребен за секое духовно поврзување, бидејќи секој духовен пат има слушање и сочувствување во својата суштина.

Токму затоа Трежер предлага, слушањето да се учи како вештина на училиште. Кога би можеле слушањето да го воведеме во училиштата, ќе можеме слушањето да го изведеме на вистински пат и ќе создадеме свет во кој сите луѓе свесно слушаат цело време или барем се способни да го прават тоа.

Џулијан Трежер: Пет техники како да слушате подобро

Преземено од: www.ted.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO