«

»

Oct 28

Како да задржите 90% oд наученото

Замислете дека имате една кофа со вода. Секојпат кога ќе се обидете да ја наполните кофата, 90% oд водата веднаш би истекла надвор од кофата. Од секое дополнување, во кофата ќе ви останува едвај 10%. Колку пати ќе се обидувате да ја наполните кофата до горе?

Одговорот е едноставен: само еднаш.

Првиот пат кога ќе забележите дека истекува вода, ќе преземете нешто.
Или ќе ја поправите кофата, или ќе земете друга, зарем не?

Сите ние, не учиме на ист начин.

Скоро сите ние, губиме 90% oд нашето време, од нашите ресурси, како и од времето за учење, бидејќи не сме го разбрале едноставниот концепт наречен Пирамида на учењето. Пирамидата на Учењето е развиена уште во 1960 година од страна на NTL Институтот во Бетел, во државата Мејн. Доколку ја погледнете пирамидата, ќе забележите нешто многу чудно.

Ќе забележите дека едноставно го трошите Вашето време. Ги трошите ресурсите. Едноставно правите сè што не Ви помага да го задржите наученото. Еве и зошто.

Кога учиме – наученото го задржуваме според следните цифри:
90% научено кога обучуваме некој друг.
75% научено кога го применуваме она што сме го научиле.
50% научено кога учествуваме во групна дискусија.
30% научено кога некој ќе ни демонстрира.
20% научено кога учиме со аудио и визуелни помагала.
10% научено кога учиме со читање.
5% научено, кога слушаме предавање.

Зошто кога обучуваме некој друг или кога наученото веднаш го применуваме – има најголем ефект од сите начини на учење?

За тоа постои добра причина. Кога применувате нешто ново или кога обучувате, лесно можете да погрешите. Обидете се и самите и ќе се уверите. Затоа колку поскоро се решите да се впуштите во обучување и започнете да правите грешки, ќе биде потребно да научите и како да ги поправите грешките. Со ова целосно го вклучувате и Вашиот мозок.

Вашиот мозок е сконцентриран и додека сте на предавање или додека читате.
Секако, но тогаш тој не прави никакви грешки. Она што Вашиот мозок слуша или гледа – е едноставно апстрактен концепт за него. И без оглед колку јасно се наведени чекорите во одреден процес, не постои начин како целосно да ја задржите информацијата. Ова е од две причини.

Причина 1: Вашиот мозок заглавува на првата точка.
Причина 2: Вашиот мозок треба да направи грешка од прва рака.

Причина 1: Вашиот мозок заглавува на првата точка.
Токму така. Единствен начин да се разбере овој концепт е доколку земете да читате книга, да погледнете видео или да слушате некое предавање. Земете ја било која книга, видео, или аудио запис. Веднаш ќе забележите дека ќе заборавите најмалку две или три точки, уѓте во првите пет минути. На почетокот нема да верувате, но како што ќе продолжите со читање на истиот текст неколкупати по ред, повторно и повторно, ќе откривате сè повеќе од она што сте го пропуштиле првиот пат.

Ова е поради тоа што Вашиот мозок застанува на првата точка. Застанува и се обидува да го примени концептот во пракса, но само се измачува. Но и покрај тоа Вие продолжувате со читање, гледање или слушање. Мозокот е веќе заглавен на првата точка, а веќе следуваат уште неколку нови. А без комплетна информација, вие едноставно имате ‘некомплетна информација’.

Некомплетната информација може лесно да се коригира и дополни преку правење грешка од прва рака.

Причина 2: Вашиот мозок треба да направи грешка од права рака.
Без оглед колку е добро појаснувањето, нема да го разберете од прв пат. Треба да направите грешка. Ова е од причина што Вашето разбирање може да варира во зависност од писателот или од предавачот. Вие само мислите дека сте го прочитале или сте го слушнале она што сте го прочитале/слушнале. Но реалноста е поинаква. Вие само сте се обиделе да изведете заклучок од она што некој што го рекол или го запишал. Уште полошо, Вашиот заклучок може да биде целосно погрешен. Вие само можете да утврдите колку сте успешни во обидот да го примените или да го научите концептот.

Како да го избегнеме губењето на 90% од наученото?
Еве што авторот на оваа статија прави: Започнува да учи нешто. Потоа за наученото формира мапа на умот. Разговара со сопругата или со клиентите за новиот концепт. Пишува статија на темата. Снима аудио запис за концептот. И сè така понатаму. Колку и да е едноставен концептот, не може веднаш да се научи. За него потребно е да се дискутира, да се зборува, да се пишува, и истиот да се почувствува.

Следниот пат кога ќе наидете на интересна книга или видео, запомнете го следново.
Слушањето или читањето е само слушање или читање.
Тоа не е вистинско учење.
Вистинското учење доаѓа само со правење грешки.
А грешките се резултат на обидите за примена на наученото.
И само на тој начин ќе задржите 90% oд наученото.

Ова е причината зошто најголемиот дел од луѓето кои ги знаете секогаш се вртат во круг.
Тие се плашат да прават грешки. Затоа и не учат.
Тие повеќе би сакале едноставно да прочитаат книга или да изгледаат видео.

Без оглед колку и да ја полнат, нивната кофа секогаш истекува 90% oд времето.
И за тоа воопшто не им е гајле.
Прашањето е дали Вам Вие е гајле?

Преземено од: www.psychotactics.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO