«

»

Sep 18

Како иновативните лидери остануваат успешни?

Магазинот Форбс веќе втора година по ред ги избира најиновативните компании во светот. Тие се обидуваат да одговорат на прашањето: Зошто некои компании се способни да создаваат и применуваат неверојатни иновации во работењето, додека на другите тоа не им успева? Резултатите покажале дека се работи за најмалку три клучни работи кои иновативните компании ги издвојуваат од другите. Се работи за тоа колку компаниите се потпираат на луѓето, процесите и филозофиите (или на англиски јазик: people, process, philosophies или 3Ps).

лидер

Што се однесува до луѓето, однесувањето на лидерите е врзано со пет вештини за откривање со кои иноваторите се одвојуваат од другите. Иноваторите поставуваат провокативни прашања со кои ја предизвикуваат статус кво ситуацијата. Тие го набљудуваат светот како антрополози за да откријат нови начини на завршување на работите. Тие се поврзуваат со луѓе кои не изгледаат и не размислуваат како нив, со цел да воочат поинакви различни перспективи на животот. Тие постојано експериментираат за да испробаат нови идеи и да се стекнат со нови искуства. На крај, сите овие карактеристики повлекуваат нови асоцијации кои им овозможуваат да се поврзат со нови работи, при што се раѓаат невообичаени идеи.

Форбс направил обид да открие колку поединците ги применуваат овие вештини. Испитувањето во врвните иновативни компании открило дека постарите лидери со своите иновативни вештини креирале значајна разлика. Директорите на врвните иновативни компании поседуваат дури 88% од петте вештини кои ги поседуваат врвните иноватори. За разлика од нив, директорите на просечните компании поседуваат само 62% од вештините. Гледано од друг агол, иновативните лидери поминуваат во просек 31% од времето активно вклучени во процеси на иновирање, за разлика од другите другите компании каде овој процент изнесува 15%. Удвојувањето на времето кое еден постар иновативен лидер лично го минува во создавање нови идеи секогаш дава значителен резултат.

Форбс дава примери за неколку иновативни лидери, кои во својата работа истовремено се однесуваат како набљудувачи и како експериментатори. За нив скоро и да нема нешто што не пробале. Тие работеле на повеќе позиции во компанијата и тоа како продавачи, менаџери, интернет консултанти, вмрежување, онлајн продажба, раководители на набавки и на продажба. Понекогаш за да се стекнат со нови гледишта, се вработуваат во други компании. Тие сакаат да ги расклопуваат предметите и потоа повторно да ги состават. Кога ќе купат најново достигнување на технологијата, тие никогаш не го користат за она за што е наменето. Тие го испитуваат, го расклопуваат на делови и потоа го составуваат или го комбинираат според нивните потреби.

Едноставно кажано, лидерите на најиновативните компании се однесуваат иновативно. Но поставувањето на овие луѓе на највисоките раководни позиции е еден од условите но не е доволно за да компанијата биде иновативна. Успешните лидери разбрале како се случуваат иновациите и тие се обидуваат своето однесување да го пренесат и на процесите и на филозофијата внатре во нивните компании.

Голем дел од нив своите идеи ги добиваат од други иновативни лидери и претприемачи, Тие се обидуваат да им помогнат на останатите да станат многу добри во вмрежувањето и креирањето нови врски и познанства. Голем успех особено постигнуваат кога ќе успеат да го искористат креативниот капацитет на своите вработени преку вклучување во иновативни процеси.

Џеф Безос, основач и сопственик на Amazon.com, постојано се обидува да вработува инвентивни луѓе. На интервјуата за вработување тој секогаш кандидатите ги прашувал дали и што имаат измислено во животот. Без оглед дали се работи некој мал производ или за некој процес кој создал задоволни клиенти. Со тоа се обидувал да дознае дали и понатаму би се обидувале да пробуваат нови работи. Со тоа истовремено им испраќа порака дека од нив се очекува да бидат иновативни, и дека за тоа ќе бидат наградени. Безос исто така постојано експериментира и тврди дека постојано ги поттикнува вработените да го прават истото.

Пораката е дека тој како и другите иновативни лидери не иновираат самите, туку ги поттикнуваат и своите вработени и се обидуваат овој процес систематски да го пресликаат на целата компанија.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк: www.forbes.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO