«

»

Sep 19

Користете ја практичната интелигенција

Дали поседувате практична интелигенција?

Еден ден, двајца бизнисмени Мето и Ѓорѓи седеле дома и гледале квиз на телевизија. Еден од натпреварувачите одлично напредувал во квизот, покажал солидно знаење и лесно ги минал повеќето игри со големи изгледи дека ќе победи на крајот.

Мето рекол: “Нема ништо на светот што овој тип не знае. Тој би бил многу корисен за секоја компанија каде што би работел. Не дека тој би имал потреба да работи некогаш во животот доколку победи во овој квиз. Ме интересира, Ѓорѓи, колку би му платил на овој човек доколку ти се укаже прилика да работи кај тебе?”

Ѓорѓи рекол “Доколку работи кај мене? Би му платил 15.000 денари.”

Мето го погледнал Ѓорѓи зачудено. На тоа Ѓорѓи додал “Еднаш, засекогаш.”

Ѓорѓи го погледнал Мето за да покаже дека за него тоа нема смисла. На тоа Ѓорѓи се надоврзал “15.000 денари е износот за кој можам да купам цел еден комплет од Светската Енциклопедија.”

Што е тоа Практична Интелигенција?
Она што Ѓорѓи се обидува да каже во оваа приказна, е дека типот од квиз натпреварот ги запомнил сите можни информации што постојат и поради тоа наликува на еден обичен комплет книги. Со други зборови, тоа не е она знаење кое треба да го поседуваш за да се издвоиш од толпата, туку начинот на кој го организирате своето знаење за да му најдете практична примена или да остварите некаков профит. Тоа е она што ве прави корисни во реалниот свет. Ова едноставно се нарекува Практична Интелигенција.

Измислениот лик од книгите Шерлок Холмс, не знаел точно колку планети има во Сончевиот систем. Тој едноставно немал доволно место за една таква бескорисна информација затоа што не му требала во неговата секојдневна работа. Додека најголемиот дел од луѓето зборуваат за важноста на познавањето на работите, јас сакам да ја потенцирам важноста на непознавањето на работите. Не, не се обидувам да ја промовирам неписменоста. Едноставно ја промовирам Практичната Интелигенција. Никогаш не ме восхитувале личности кои напамет знаат да прават сложени математички пресметки или кои имаат одговор на секое прашање на шефот. Се восхитувам на личности кои за тоа го користат својот калкулатор. Не ме восхитуваат типови кои како расипана грамофонска плоча го повторуваат своето мислење за сè и сешто. Ме восхитуваат вработените кои знаат да слушнат што вели расипаната грамофонска плоча и кои знаат да го искористат ова знаење, да го искомбинираат со практичната интелигенција и всушност така да го реши секој проблем со кој ќе се соочат.

Користете ја Практичната Интелигенција во животот
Следниот пат кога ќе видите некој како се расфрла со своето знаење, запрашајте го: “Јас не знам ништо за тоа, но знам дека можам таа информација да ја најдам веднаш штом ќе ми биде потребна, во библиотеката или на Google. Дотогаш, ќе се обидам мојот мозок да го искористам за подобри работи отколку за складирање и повикување информации, за што Google и сличните како него веќе потрошиле неколку милијарди долари”. Технологијата ги има изменето работите на подобро, преку овозможувањето на лесен пристап до информациите. Затоа и немате потреба да чувате секакви информации во мозокот. Ослободете го мозокот од непотребни информации и искористете го за подобри работи.

Доколку погледнете околу Вас, Практичната Интелигенција е она што ќе ве направи ‘човек’ додека роботите загосподаруваат со светот. Нека се проклети машините и роботите! Во таков случај, можеби Практичната Интелигенција ќе биде она што ќе го спаси светот.

Автор: Б.Метју, живее во Индија и не работи ништо во животот.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк: www.empowernetwork.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO