«

»

Sep 01

Зошто нема лаборатории на факултетите за бизнис?

Кога Николај Ворен бил докторант на Универзитетот во Оксфорд, живеел во студентски град заедно со други студенти од различни области, меѓу кои и од природните науки. Една вечер, после вечерата еден студент по хемија напоменал дека ќе тркне до лабораторијата за да тестира хипотеза на која штотуку се сетил.

бизнис

Оние кои студирале менаџмент воопшто немале нешто вакво слично на располагање. Немале лабораторија на факултетот за бизнис, туку само училници, канцеларии, амфитеатри и библиотека. Доколку сакале да проучат или да тестираат хипотеза во една вистинска организација, морале да минат мачен и долготраен процес на идентификување на можните компании, закажување еден или повеќе состаноци, преговарање на условите за истражување, да договорат термин и време кои одговараат на обете страни, па дури потоа да го спроведат истражувањето.

Дури и доколку првичниот пристап со организацијата бил договорен (што не можело секогаш да се потврди), никој не можеле да гарантира дека тие би можеле да приберат податоци на начинот на кој планирале. Менаџерот со кој би бил постигнат договорот можел да биде преместен, или луѓето кои биле планирани да бидат вклучени во истражувањето, можеле да бидат зафатени со други задачи и да немаат доволно време да учествуваат во академски истражувања.

Многу докторанти и професори сметаат дека овој пристап може да бара многу време – а сепак крајниот резултат да не биде доволно добар – за да се исполнат до крај зацртаните задачи, поставените рокови и ограничениот буџет за истражување. Како последица на ова, многу истражувања биле спроведени во библиотеката, преку читање, анализирање и со благо модифицирање на теориите кои биле развиени од други автори.

Иако никој не може да ги разбере условите и притисокот под кој работат истражувачите, недостатокот од излегување во реална средина има огромен негативен ефект на наставните истражувања за бизнис организациите.

Клучната работа, според Николај Ворен, не е дека истражувањето кое е објавено е извршено “теоретски”, туку дека развојот на теоријата се одвива во вакуум. Тој смета дека теориите се само “алатки” и дека истражувачите би требало да ја користат теоријата за да развијат решенија за важните проблеми со кои се соочуваат организациите или општеството воопшто.

Само мал дел од истражувачите настапуваат со ваков начин на фокусирање на проблемот. Постои “интервенциско истражување”, во кое студентите по менаџмент изнесуваат хипотеза за можниот резултат на одредена интервенција, а потоа интервенцијата ја спроведуваат во вистинска организација за да проверат дали хипотезата може да се потврди или не. Тоа е како да имате оддел за хемија, без да имате дел за органска хемија.

Ворен смета дека ова е една од причините зошто докторантите по менаџмент и по организациски науки не ја продолжуваат кариерата на универзитетот, туку навлегуваат во консултанството веднаш после завршувањето. Како консултант, секој од нив има пристап до лабораторија која му недостасувала на универзитетот.

Факултетите за бизнис би требало да разгледаат како наставниот кадар може да добие прилика да го набљудува светот на вистинските организации и дури и да интервенира на симулирани или реални системи.

Секој факултет за бизнис би требало да поседува лабораторија.

Автор: Николај Ворен, www.organizationdesign.net

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO