«

»

Sep 21

Лидерството наспроти Менаџментот

Лидерство

Една од прастарите легенди е онаа дека “Mенаџерите прават добри лидери”. Ова драги мои, не би можело да биде далеку од вистината. Менаџерите честопати функционирале под “Tеорија X” и под “Tеорија Y” за Менаџмент. Според теоријата “X” важи дека вработените се мрзливи и треба да бидат водени и постојано мотивирани во извршувањето на нивните работни задачи. Според теоријата “Y” важи дека вработените сакаат добро да ја завршат работата; но потребно е менаџментот да им овозможи да ги завршат своите обврски. Обете, и Теоријата “X” и Теоријата “Y” се соодветни од аспект на Менаџментот бидејќи фокусот е на правилната употреба на Модификација На Однесувањето за да се осигура дека обврските ќе бидат извршени. Тие не се фокусираат на вработените како суштински елемент за успех. Менаџерите планираат, организираат и контролираат под превезот на овие теории, но тие не се и лидери…

Лидерите функционираат под Теоријата “Z” за Менаџментот. Тие веруваат дека вработените сакаат добро да ја завршат работата; можат добро да ја завршат и дека тоа ќе го направат доколку се изложени на Одлично Лидерство. Акцентот е на способноста да имате следбеници кои ќе изберат да Ве следат. Лидерството ги инспирира луѓето. Тие ја делегираат одговорноста на луѓето со страст и внатрешно мотивирање. Лидерите го препознаваат потенцијалот и потоа го развиваат.

Доколку се најдете себеси во ситуација каде што не го разбирате решението, Вие му се јавувате на Менаџерот. Доколку се обидувате да откриете нови можности кои понатаму ќе ги развивате, тогаш свртете се кон Лидерство…

Автор: Melvin J. Rivers, D.B.A.(c), MBA

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк: phronesisconsulting.wordpress.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO