«

»

Oct 05

Менaџирање со време

Знаете ли во кој квадрант сте? Ова прашање е асоцијација на сјајната книга на Стивен Кови “Седум навики на успешните луѓе”. Влегува во списокот на задолжителна литература. Имате таков список, нели? Затоа да преминеме на основната идеја. Ви треба моливче и парче хартија поделено на четири дела. Ќе ги наречеме четири квандранти.

време

Замислете си еден свој сосема вообичаен ден. Може и денешниот. До сега можеби сте решиле неколку проблеми врзани со проектот на кој што во моментов работите, сте одговориле на електронските пораки, сте направиле неколку телефонски разговори, сте одработиле два состаноци, сте го сослушале колегата кој е депримиран… Дома ќе се погрижите и за децата, набавките и домашните работи, ќе го посетите пријателот во болница, ќе погледате вести на телевизија, исфрлите ѓубрето, прошетате со кучето…

Што и да работите, можете, според критериумот на итност и важност, да го сместите во еден од овие четири квадранти. Но, да почнеме со ред. Горе лево, тоа е “првиот квадрант”. Тоа се нешта кои се важни и итни. Дете со висока температура, млеко што е готово да загори, незадоволен клиент што е инаку важен купувач, пиење на таблетка на време и сл. Со првиот квадрант нема шега. Недисциплинираните веднаш биваат казнети.

Во долниот лев квадрант, тоа е “третиот”, се наоѓаат обврските што се итни, но не се важни. На прв поглед може да изгледаат важни, но всушност не се. Телефонот што ѕвони можеби е итен, но разговорот што ќе следи не мора да е и важен. Во овој квадрант влегуваат и дел од состаноците, дел од електронските пораки и работите што треба да ги направите веднаш, само што вие не сте тие кои би требало со нив да се занимаваат. Третиот квадрант е вистинска стапица. Ви дава привид дека сте многу зафатени и ефикасни, а во него воопшто не би требало да се најдете.

Во горниот агол десно сместен е “вториот квадрант”. Тоа се работи кои се важни, но не се итни. Ако, се занемарат, порано или подоцна ќе станат итни и ќе преминат во првиот квадрант. Тука влегува сето она за кое што мислиме дека би било многу добро за нас, само што немаме време во овој момент. Редовно вежбање, здрава исхрана, добра книга пред спиење, поставување животни цели, размислување за иднината, развивање стратегија на компанијата, градење на односи со блиските… Важно е, но не е итно, па најчесто тешко доаѓа на ред.

Долу десно е “четвртиот квадрант”. Во него се нешта кои ниту се важни ниту итни. Гледање реклами, безвредни серии на ТВ, озборување, бесцелно лутање по интернет. Дури и некои хобија, кога подобро ќе размислите, не допринесуваат да станете личност каква што посакувате.

Колку време поминувате во секој од четирите квадранти, важно е за квалитетот на вашиот живот. Целта е да се поминува доволно време во вториот квадрант и да се препознае кога мислите дека сте во првиот, а всушност сте во третиот. Практично, целта е секогаш да бидте свесни во кој квадрант сте и како сте стигнале во него. Затоа што вие на време нешто не сте направиле или сте им дозволиле на другите таму да ве одвлечкаат заради некои нивни проблеми? Нели ви се чини дека светот е преполн со луѓе што се наоѓаат во првиот квадрант? А, многу работи можеле да се избегнат ако доволно време минувале во вториот. Првиот квадрант е одлично место за оние што сакаат да станат зависни од адреналинот. Погледнете го списокот на сигурни знаци што упатуваат на тоа и лесно ќе ги препознаете. Или себеси.

Десет сигурни знаци дека сте станале зависници од адреналин.

1. Чувствувате физички притисок постојано со нешто да се занимавате. Вашата будна состојба е составена од непрекината низа на активности

2. Не оставате разумни резерви на време, пари и простор за себе.

3. На состаноците редовно доаѓате во последен миг или доцните.

4. Ветувате повеќе одошто може да направите.

5. Одолговлекувате, а потоа завршувате сe набрзина.

6. Ви се чини дека луѓето бавно сфаќаат што им зборувате и немате трпение за нивното темпо.

7. Тешко ви е подолго време да видете на едно место. Станувате често, излегувате од просторијата, се враќате.

8. Силно ве вознемирува ако одговор не може да добиете веднаш, дури и кога за тоа постојат сосема оправдани причини.

9. Додекa работите на еден проект, низ главата ви се моткаат мисли поврзани со друг.

10. И секако, во потрага сте по занимања или ситуации што ја хранат вашата зависност.

Зависниците од адреналин имаат потреба постојано да се преокупирани со нешто. За нив, да останат сами со своите мисли е застрашувачки. Затоа, ако нема работа во првиот квадрант, преоѓаат во третиот. Тоа значи дека се занимаваат со работи што можеби се итни, но не се важни или пак треба некој друг да ги заврши. Да погледнеме што значи да се биде мајстор на третиот квадрант:

Дали сте мајстор на третиот квадрант?

- Некој ви доаѓа со проблем, а вие веднаш го оставате својот и почнувате да се занимавате со неговиот

- За време од состаноците го превземате секој телефонски повик, независно од бројот на луѓе што притоа ве чекаат.

- Сами фотокопирате или праќате факсови иако некој друг е задолжен за тоа

- Вашиот компјутер е така наместен што секоја нова електронска порака веднаш ја гледате на екранот

- Расте бројот на списанија што ги добивате, контактите што ги одржувате, општествените настани што ги следите.

- ”Дајте ми копија од ова” е вашата вообичаена реченица

- ”Добро, тогаш јас ќе се погрижам за тоа” е вашата втора вообичаена реченица.

- На крајот “Извини, во гужва сум последниве денови”, станува ваша се почеста реченица.

Никој не може да го издржи темпото што го наметнуваат првиот и третиот квадрант, а да не помогне повремено во четвртиот. Одненадеж, насред најголема мешаница и итност, кога сите очекуваат одговори и решенија, најсоодветно се чини да оставите се, станете недостапни, да се одморите со омиленото хоби, да се утешите со храна, пиење, а може да доживеете и некој мал нервен слом. Со сите логични последици.

Сега знаете на што сте. Следи проверката на знаења. Во кој квадрант сте токму сега, додека го читате ова?

Превземено од: Јошевски Консалтинг www.jk.com.mk

a href=”http://www.key.com.mk/categories/view/238″ target=”_blank”>Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO