«

»

Nov 18

Микробизнис наспроти Дополнително Вработување

Која е најголемата грешка која луѓето ја прават кога сакаат да остварат дополнителен приход?

микробизнис

Кога некому ќе му се појави потреба од дополнителен приход, најчесто се одлучува да започне со втора работа. Доколку за второто работно место не се потребни никакви посебни познавања и техники, лицето најчесто наоѓа работа која е помалку платена од тековната главна работа. Доколку второто работно место е е втор извор на приходи за лицето, овие приходи може да бидат оданочени со повисоки давачки, со што и нето приходот е помал од планираниот.

Поради ова, доколку овие средства се користат за пензионирање, за студирање на универзитет, за купување нов автомобил или едноставно за заштеда, ќе биде потребно значително подолго време за да се достигне посакуваниот износ.

Поинтелигентен начин за обезбедување на дополнителен приход

Еден пеесетгодишен работник успешно работел како извршител во изминатите 28 години. Потоа фирмата во која работел добила нов сопственик и тој останал без работа. Доколку ова не е доволно, ќе го земеме и фактот дека економијата е на најниско ниво во последните 80 години. Неговите првични обиди да најде ново работно место биле неуспешни. Затоа се обидел да најде вработување со половина работно време, со цел да може да ги плати основните трошоци за живот.

Сепак работникот би можел и поинаку да се справи со ситуацијата во која се наоѓа. Тој би можел да започне да продава дневни весници на лица кои ќе се претплатат, во дисконти или пак да ги разнесува по домовите. Знам дека ова не звучи многу охрабрувачки, но од оваа продажба би можел да заработи релативно висока дневница.

Како би можел да го постигне ова? Тој може да биде платен според реализирана продажба. Со други зборови, тој би можел да се договори да биде платен според остварените резултати, а не за потрошеното време за ангажманот. Кога би бил платен според времето на ангажирање, тој би можел да заработи потпросечна дневница. На овој начин, кога би бил платен според реализираната продажба, сепак на крајот на годината би можел да заработи двојно повеќе.

Неверојатно е колку многу луѓе го нашле овој исклучителен начин за заработка

Голем број паметни индивидуалци нашле мали микробизниси кои се едноставни за започнување и за раководење и имаат потенцијал да прераснат во поголем бизнис со одличен приход, па дури и бизнис со целодневен ангажман. Овие луѓе не се одлучиле да потрошат едно мало богатство за едукација. Наместо тоа, тие ги искористиле своите најдобри вештиникои веќе ги поседувале или вештините кои можеле за кратко време да ги научат и да ги совладаат.

Повеќето од нив, ако не и најголемиот дел од овие мали авантуристички потфати започнале со мал и ограничен буџет за кој биле потребни многу малку средства за започнување на микробизнисот. Исто така, поголемиот број од овие прилики започнале да се реализираат како дополнителна работа, во слободните часови во текот на денот. Подоцна овие бизниси преминале во главно вработување, штом започнале да обезбедуваат доволно приходи кои ќе обезбедат пристоен живот.

Кога ќе дојдат Вашите пет минути, зграпчете ги парите, немојте да се обидувате да го откриете тркалото. Учете од експертите.

Со било кој бизнис, без оглед колку да е мал, тајната на успехот е во елегантното решавање на специфичните проблеми во индустријата во која сте започнале да работите. Без исклучок, тајните на тргувањето секогаш ја прават разликата во тоа дали ќе заработувате малку пари или ќе имате неверојатен профит.

Обидете се да разговарате со луѓе кои веќе успеале да остварат приходи и тоа за конкретни идеи кои ги имате во план за реализација. Некои од овие луѓе може и да не сакаат да ви помогнат доколку се плашат дека ќе им станете конкуренција. Доколку ова се случи, тогаш обидете се да ја промените средината, најдете луѓе од друг град или од друга држава кои би можеле да бидат ваш ментор. Сигурно е дека ќе најдете некој кој ќе ужива во разговорот за неговиот бизнис и за идејата дека би можел да ви помогне да започнете да остварувате профит.

Друг начин на кој би можеле да ја разработите Вашата идеја е да најдете разни книги, електронски книги, тренинг програми или ДВД програми креирани од докажани експерти и стекнатото знаење да го примените на било која идеја која сте ја замислиле.

Преземено од: www.careerinsider.org

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO