«

»

Sep 12

Надминување на јазот помеѓу Теoријата и Праксата

Academy of Management поседува посебен оддел наречен Entrepreneurship Division чија основна активност е “промовирање и потпомoгнување на размената на информации, концепти, идеи и резултати од истражувања помеѓу професорите и претприемачите кои се интересираат за претприемништво.

И покрај тоа што имаат организирано ваков посебен оддел, сепак подолго време не успеваат да го заживеат според целосната замисла која ја имале на почетокот. Следната приказна помага малку да се разјасни оваа мистерија.

Еден од извршните членови на Академијата, Том Волтер, ја споделил својата приказна со цел да помогне на овој оддел да постигне поголем успех преку искористување на познанствата помеѓу професорите и претприемачите. Том бил сопственик и оператор во индустријата за храна и пијалоци во изминатите 40 години. Во тој период, тој бил и Партнер, Сопственик, Претседател и/или Извршен Директор на 29 нови компании. Од нив, во моментот функционираат девет компании, а пет од нив биле основани од неговиот персонал. Неговата најголема компанија Testy Catering ги освоила локалните, државните и националните награди за “Best Place to Work” и за “Best Caterer”, и станала основа за бројни студии на случај, книги, како и докторски дисертации. Резултатите од соработката на Том со истражувачите и професорите се навистина одличен пример за синергија која може да се создаде кога ќе се здружат праксата и науката.

На една од последните средби на членовите во Бостон, Том влегол во лифт, после една панел дискусија со четири угледни професори. Со него во лифтот била една професорка од универзитет во Чикаго. Том ја поздравил и ѝ се обратил со нејзиното име, кое го прочитал на беџoт кој го носела, и се надоврзал дека двајцата доаѓаат од истиот град. Таа го погледнала неговиот беџ со името на компанијата наместо со називот на академската институција, му рекла здраво и го свртела лицето кон вратата на лифтот. Одбегнувањето било очигледно, иако не било намерно.

Една седмица подоцна, Том бил на состанок на универзитетски претприемачки советодавен одбор на универзитет во Чикаго, во кој тој членувал. Еден професор по претприемништво изјавил дека одредена професорка бара гостин предавач кој би можел да зборува на теми кои многу му лежеле на Том. Таа барала кандидатот прво да поразговара со неа. Том предложил тие да искомуницираат преку електронска пошта. Така Професорката X и Том се поврзале. После многу интересна дискусија, таа утврдила дека неговото познавање и искуство било токму она што ѝ требало за предавањето и го замолила презентацијата да ја посвети на два сегменти, на што Том се сложил. На крајот на дискусијата, за време на краткиот разговор, таа рекла: “Мислам дека од Вас слушнав многу подобри работи отколку што ми кажаа другите професори за Вас.”. Том рекол: “Да, всушност, ние се возевме во лифтот во Бостон Плаза во Август оваа година. ” Настанала тишина, по што таа рекла: “О, да, Вие сте типот од лифтот”.

Оваа приказна се повторувала неколкупати. Најголемиот дел од професорите скоро и да немаат разбирање што еден претприемач бара во нивно друштво. Том тврди дека неговиот беџ не треба да го прикаже неговото име, туку неговата определба. Дали тој припаѓа на елитна врвна институција или доаѓа од некој пропросечен колеџ. Кога неговата компанија Tasty Catering е напишана на неговиот беџ, Том наидува на интересни реакции. Честопати го прашуваат што бара таму помеѓу нив.

Од оваа приказна е кристално јасно дека овој лош однос помеѓу професорите и претприемачите е целосно заживеана помеѓу членовите, а не во институциите. Поради ова сегашните водачи на Одделот работат на тоа како да започнат отворена дискусија за надминување на оваа ситуација и како професорите и претприемачите да ги натераат да го променат својот однос внатре во заедницата.

Пракса

Токму поради ова, тие формирале тим, кој ќе овозможи отворена дискусија и кој ќе се посвети на тоа да ги вклучи сите заинтересирани членови на заедницата.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк: http://fovchik.wordpress.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO