«

»

Oct 08

Одлуката да се успее е навика на успешните луѓе

Одлучноста на лидерите, иницијативата и оптимизмот во поглед на резултатите се заразни. Проактивноста на лидерите се пренесува на тимот и иницира добри резултати. Од сево ова произлегува дека не можете да бидете добар лидер ако немате изградена навика на проактивност и не можете да бидете успешна компанија ако немате проактивни, инспиративни лидери
Честите одлуки и континуираната акција се одлика на успешните лидери. Значи, иницијативата е првото ниво на навиките на проактивност. Компаниската дефиниција на проактивноста гласи: проактивноста е висока мотивираност на компанијата за масовна акција и решеност да се стигне до резултат со континуирано делување и подигнување на квалитетот на работата за еден процент дневно, без разлика на опкружувањето, условите и конкуренцијата.

Кој е задолжен за навиката на проактивност во компаниите? Лидерите на тимовите. Лидерите носат одлуки во соработка со својот тим, лидерите ја предводат акцијата и го мотивираат тимот за врвни резултати. Лидерите, значи, мора да бидат проактивни за да бидат тимовите ефективни.

Со практикувањето на проактивноста лидерите ги развиваат мускулите на одлучноста за масовна акција и даваат пример на членовите на тимот. Одлучноста на лидерите, иницијативата и оптимизмот во поглед на резултатите се заразни. Проактивноста на лидерите се пренесува на тимот и иницира добри резултати. Од сево ова произлегува дека не можете да бидете добар лидер ако немате изградена навика на проактивност и не можете да бидете успешна компанија ако немате проактивни, инспиративни лидери.

успех

Реактивните само се жалат, проактивните бараат решенија
Проактивните луѓе имаат одговорност, значи, способност да даваат промислени одговори на сложените животни околности, одговори базирани на нивните вредности, а не на емоциите.

Лидерите мора да бидат проактивни за тимовите да бидат ефективни. Проактивните луѓе преземаат одговорност за работата и резултатите, не ги обвинуваат околностите, условите и другите луѓе за своето однесување и резултати. Проактивните луѓе се фокусираат на кругот на влијанија, се занимаваат со решенија и работи на кои можат да влијаат. Во центарот на тоа влијание е клиентот. Реактивните луѓе бегаат од одговорностите и се жалат на сè, од општествените прилики до природните климатски услови. Ним сe им се испречува на патот до успехот – и стручноста, и дождот, и политиката, и напорните клиенти, и конкуренцијата, сè им пречи. Реактивните луѓе се фокусираат на кругот на грижите, на негативните чувства, се занимаваат со работи на кои не можат да влијаат, се занимаваат со други луѓе и нивните слабости, озборуваат, шират дефетизам и се фокусираат на проблемите. Каков може да биде ставот на таквите огорчени, а немоќни луѓе наспрема клиентите? Тие нив ги доживуваат како закана, како луѓе кои ги загрозуваат во нивната работа.

Додека се вртиме во кругот на грижите, нас нè контролираат работи внатре во тој круг. Немаме проактивна иницијатива неопходна за позитивна промена. Компаниите кои се вртат во кругот на грижите стануваат плен на конкуренцијата. Проактивните лидери наместо да се грижат за состојбата во која се наоѓаат, работат на себе и на својот тим и на тој начин ја менуваат состојбата во корист на компанијата.

Реактивните луѓе не се продуктивни

Главни прашања:
• Дали во вашите компании се мери, негува, тренира проактивност?
• Колкав процент од вашите соработници ја доживуваат работата како грижа и стрес?
• Дали во вашата компанија е поголем процентот на вработените кои се дел од решенијата на компанијата, а не дел од проблемот?

Ако сакате да ја зголемите продуктивноста, намалете ја реактивноста. Свеста за значењето на проактивноста за успехот на компанијата е веќе првиот чекор во правец на искоренување на реактивноста и зголемување на продуктивноста.

Проактивната култура на компаниите се гради со чистење на внатрешната комуникација од овие ставови: само кога би имале… дали ќе можеме… што ако нешто не спречи… мораме вака… На состаноците во проактивните компании се слушаат само предлози: што можеме веднаш да направиме, а што утре; колку време ти треба за тоа… ти треба ли помош… можам тоа да го направам… само напред, имаш поддршка; дали сме денес подобри за 1% во квалитетот на услугите од вчера; кое е тоа мало придвижување кое можеме веднаш да го направиме?

Проактивноста како навика
Ако го изберете лидерството како животен принцип, сте ја избрале проактивноста како навика. Вие станувате личност која го шири кругот на влијанија и го намалува кругот на грижи и за себе и за семејството, и работната организација. Создавањето на проактивна култура внатре во организацијата е една од примарните задачи на лидерите. Успешните организации не се во милост на опкружувањето и конкуренцијата, тие преземаат иницијатива, ја комбинираат креативноста и разумот и создаваат вредности. Ако го изберете лидерството, од вас се очекува да преземете иницијатива и да се создадат нови вредности и не дозволувате организацијата да подлегне на околностите и конкуренцијата. Вие сте одговорни за влијанието на компанијата во општеството, за зголемување на самопочитувањето на вработените и за нивна поголема мотивираност.

Преземено од: Неделен магазин Капитал www.kapital.com.mk

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO