«

»

Oct 26

Ова ли е најдоброто што можеме?

најдобро

Неодамна во САД беше спроведена една ригорозна студија во едно средно училиште со уште повознемирувачки резултати.

Истата ви ја презентирам во продолжение:

Кога ќе пораснете која од следните работи би сакале да ја работите?

• Генерален директор на огромна компанија како на пример General Electric
• Офицер во морнарица
• Сенатор на САД
• Претседател на универзитет од типот на Харвард или Јејл
• Личен асистент на познат актер или пеач

Резултатите беа следниве:
• 9.5% одговориле дека сакаат да бидат претседател на голема компанија
• 9.8% одговориле дека сакаат да бидат офицер во морнарица
• 13.6% одговориле дека сакаат да бидат Сенатор на САД
• 23.7% избрале дека сакаат да бидат претседател на голем универзитет
• 44% одговориле дека сакаат да бидат личен асистент на познат актер или пеач

Овој пост го почнав со оваа студија поради тоа што сум сигурен дека истите проценти не би биле многу различни и кај нас во Македонија.

Значи речиси половина од средношколките не ни сакаат да бидат познати актерки или пеачи туку би се задоволиле да бидат личен асистент на луѓе од оваа категорија.

Ова ли е најдоброто што можеме?

Зарем образованието за кое речиси секое семејство одделува масивни суми со години и години е единствено способно само да создаде легија на следбеници или асистенти во новата економија на информација, конекции и идеи. Зарем средношколците чијашто возраст е окарактеризирана од храброст бунтовност, соништа, енергија желба за лидерство и истакнувањ, се веќе задоволни и само како асистенти?

Каде се сонувачите?

Каде се визионерите?

Каде се соништата?

Се намалуваат… Исчезнуваат. Секој кој ќе се обиде да манифестира различност и девијација од нормите не е фаворизиран, мора да биде редизајниран.

Што фаворизираме наместо тоа?
• Поп култура, сленгови отсуство на самогласки. Кул е да се биде фан, кул е да се биде припадник на група

• Make it Short and Simple принципи…
Помогнете ми да разберам – Зошто толку ја претпочитате едноставноста и пократкиот пат во секој аспект во животот? Зошто претпочитате да си ја рудиментирате сопствената способност за комплексно размислување и за составување на една нова на слика од парчињата кои чекаат да бидат составени, за откривање на нов пат кој досега беше непознат? Толку голем товар Ви е мозокот со милијардите нефрони чијашто совршена синхронизација и архитектура овозможуваат потенцијал да го разбереме универзумот?

• Вработување наместо претприемништво.
Кога нашите универзитети ќе ја признаат тајната која толку се обидуваат да ја скријат од сите нас? Дека големите компании за кои се подготвува најголем дел од студентската маса не е веќе генератор на работни места како порано. Кога нашите универзитети ќе престанат да ги подготвуваат своите студенти за идни вработени наместо за идни претприемачи? Кога ќе почне да ги учи да престанат да бидат следбеници и да застанат, да го надминат системот, да ја препознаат сопствената идеа, сопствениот повик и да ја создадат сопствената платформа?
Можеби би рекле дека сево ова не е одговорност на образованието туку суштински на родителите, семејството општеството?

А каде се образуваа Вашите родители?

Ве оставам да размислите околу сево ова…

Преземено од: блогот kakodorabota.mkl wp-image-66″ />

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO