«

»

Sep 26

Паметно барање финансии

Без разлика дали барате мал, краткорочен заем или сакате амбициозно да ги достигнете успешните бизнисмени, силната подготовка и планирање можат да ги подобрат вашите шанси за пронаоѓање на финансии за вашиот бизнис. Потребно е да ја прикажете вашата фирма во најдобро можно светло за пронаоѓање на перспективни извори. Подгответе се однапред за овој процес.

Десет работи кои треба да ги направите пред да побарате финансии за помош кои ви се потребни, со цел да ги зголемите вашите шанси за добивање на заем или инвестиции:

• Средете го вашиот бизнис план
• Средете ги сите документи
• Биди подготвени да покажете како ќе ги употребите парите
• Проучете ги вашите финансиски извештаи
• Проверете го вашиот рејтинг
• Регистрација
• Вежбајте
• Вашата пријава треба да биде без грешка
• Бидете трпеливи

Средете го вашиот бизнис план
Разгледајте ја последната верзија на вашиот бизнис план за да бидете сигурни дека тој ја раскажува приказната на вашата фирма на прецизен и ефикасен начин. Дали ќе му биде лесно на потенцијален инвеститор да стекне мислење за вашата фирма со тоа што ќе го разгледа планот? Дали добро сте објасниле и покажале дека разбирате како ќе го пробиете вашиот производ или услуга на пазарот и притоа да заработите пари? Колку е силно вашето извршно резиме? Дали вашите финансиски извештаи покажуваат кога и како ќе обезбедите долгорочна профитабилност? Колку сте искрени во проценките на пазарот и конкуренцијата? Дали имате поддршка од трета страна што ги потврдува клучните претпоставки кои ги правите во вашиот план?

Средете ги сите документи
Стандардно барање на заем бара одредени документи и суми. Треба да одделите време пред да поминете низ процесот за барање заем за да ги средите сите информации кои се потребни. Секогаш е добра идеја да закажете состанок со вашиот овластен сметководител или друг советник за финансии за да го сторите ова. Ќе ви бидат потребни следните документи:

• Финансиски извештаи подготвени од вашиот сметководител (баланс на состојба за профит и загуба) за претходните три фискални години
• Повраток на државен данок за последните три години
• Периодичен финансиски извештај (ако е можно)
• Повраток на данок за секој сопственик
• Лични финансиски извештаи за секој поединечен сопственик
• Организациски документи, како што е регистрација, документи за името и дејноста на фирмата, работни дозволи и сл.
• Листи на деловни или лични средства кои можат да се користат како дополнително обезбедување
• Имиња и контакт информации од најмалку три препораки

Бидете подготвени да покажете како ќе ги употребите парите
Освен претходно споменатите документи, ќе биде добро да вклучите и про-форма проектирани финансиски извештаи за следните 3-5 години. Во вашата про-форма понудете јасен опис за тоа како ќе ги употребите парите и како планирате да ги вратите. Бидете конкретни. Покажете како ќе ги употребите парите за да отворите нови пазари, да воведете нови производи, што позитивно ќе влијае на конечната одлука. Нејасни изрази, како на пр. „потребен е работен капитал“ не функционираат добро, затоа што на кредитодавателите и инвеститорите не им даваат верба дека нивните пари добро ќе се потрошат. Обидете се да ги изработите овие презентации според потребите на финансискиот извор. Ако барате кредитно финансирање, ќе биде потребно да ја нагласите вашата способност за отплаќање на заемот. Од друга страна пак, инвеститорите со акциски капитал ќе сакаат да видат потенцијал за висока стапка на поврат на средствата.

Проучете ги вашите финансиски извештаи
Можеби ќе паднете во искушение да напишете оптимистични проекции во вашите про- форма финансиски извештаи, но тоа може да биде голема грешка. Банкарите сакаат да видат бизнис проекции кои се во согласност со просечните извештаи од твојaта стопанска гранка. Оние проекции кои отскокнуваат значително од просекот, автоматски стануваат сомнителни и ја ставаат вашата апликација во опасност.

Проверете го вашиот рејтинг
Многу банки користат и „кредитни поени“ за да одлучат дали ги исполнувате критериумите за заем или не. Најчесто се употребуваат за потрошувачки заеми, и вклучуваат фактори како кредитна историја, за да се одлучи дали претставувате ризик за кредитодавателот. Иако вашата банка не се потпира само на оваа метода, секако ќе ја разгледа вашата историја на плаќање за да определи дали сте кредитоспособен. Можно е и да се побара од вас лично да го гарантирате заемот, и затоа ќе биде важно каква е вашата лична кредитна историја. Водете сметка да стапите во контакт со кредитни бироа за да добиете копија од вашите кредитни извештаи, да ја проверите нивната точност и да ги корегирате можните грешки пред да побарате заем.

Регистрација
Вашата фирма не мора да е регистрирана за да побарате заем, но тоа може да помогне. И покрај тоа што и други структури се еднакво погодни за многу бизниси, статусот на регистрирана фирма сепак повеќе им значи на заемодавачите и инвеститорите. Во секој случај ќе се чувствуваат посигурни во врска со вашиот бизнис. Регистрирањето ќе им помогне на надворешните инвеститори да бараат акциoнерски капитал во вашиот бизнис како замена на нивните пари.

Вежбајте
На многу сопственици на мали бизниси им треба измислено интервју пред да разговараат со институциите за финансиски извори. На овој начин тие можат да подготват добри и ефектни одговори за сите можни прашања кои можат да се појават. Запомнете, имате само една шанса кај потенцијалниот инвеститор, и затоа треба да го сторите тоа како што треба уште првиот пат. Не го земајте измисленото интервју на шега. Побарајте помош од вашиот консултант, некој кој скоро барал финансии или познаник од банка. Договорете се да ви поставуваат прашања исто толку тешки како и на вистинскиот разговор.

Вашата пријава треба да биде без грешка
Вашите финансиски извештаи се најверојатно најважниот критериум кој ќе ви помогне да добиете финансиски средства, но важно е вашите документи да се прецизни и средени. Не ги заборавајте малите работи кои ќе ви помогнат да ги импресионирате изворите на пари и ќе го зајакнат вашиот имиџ на професионалец. Вашите формулари треба да бидат средени и читливи, бидејќи невнимателно подготвените извештаи ќе работат против вас. Облечете се соодветно, во конзервативна деловна облека за овие средби. Направете сe што е можно за да покажете доверливост и стручност.

Бидете трпелливи
Барањето на финансии, без разлика на кој степен е вашиот бизнис, одзема многу време и енергија. Многу сопственици на мали бизниси значително го потценуваат времето потребно за да ги најдат парите што им се потребни, и се случува и да останат без пари при овој процес. Водете сметка да го земете предвид сето време што ќе ви треба за да ги завршите сите задачи – од преработка на вашиот бизнис план до трчање по банки, институции или надворешни инвеститори.

Преземено од: Јошевски Консалтинг www.jk.com.mk

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO