«

»

Aug 22

Полесно е да се штеди утре, отколку денес

Лесно е да си ветите дека ќе започнете да штедите идната седмица, но што доколку треба да започнете денес? Денес сакаме да трошиме. Економистот Шломо Бенарци е еден од најголемите поборници за штедење за пензија. Тој прашува: Како предизвиците во однесувањето да ги преиначиме во решение?

Бенарци е еден од основачите на програмата Заштедете Повеќе Утре, развиена пред 15 години. Програмата претставува пример за поинакво однесување кон личните финанси и како тоа однесување би можеле да го искористиме.

Што претставува однесување кон финансии? Треба да тргнеме од себе и како раководиме со нашите пари. Бенарци наведува неколку примери како се однесуваме кон финансиите: за тоа како штедиме за во пензија, за самоконтролата која ја манифестираме кога вршиме некаков избор, за штедењето во иднина.

Бенарци својот говор го завршува со две пораки. Првата е дека однесувањето кон финансиите може да биде екстремно моќно. Втората порака е дека има уште многу да се направи. Ова е само врвот на сантата мраз кој можеме да го видиме.

Шломо Бенарци: Полесно е да се штеди утре, отколку денес

Преземено од: www.ted.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO