«

»

Sep 13

Претприемач без стратешки план е обичен сонувач

Одлуката да станете претприемач е животен потег и би требало да биде само еден дел од долгорочен стратешки план. На овој чекор не би требало да се одлучите само поради тоа што сте лути на Вашиот шеф, затоа што сакате да бидете богати или пак затоа што некој друг мисли дека тоа е добра идеја. Во овие променливи времиња, доколку веќе имате започнато нов бизнис, а за тоа немате план, можеби е време да размислите малку повеќе за иднината.

Формално, овој процес се нарекува развивање и градење на стратешки план. Вообичаено ова значи визијата да се стави на хартија, бидејќи е многу тешко да градите нешто и да ги следите вашите чекори, доколку за тоа немате план на хартија. Од искуството на бројни претприемачи, еве ги клучните елементи за кои би требало да размислите кога ќе го започнете овој процес:

1. Лични интереси и амбиции. Дали уживате во организирањето на Вашето време? Дали се снаоѓате со кратките рокови и проблемите при започнување со нови предизвици и желбата да внесете барем мала промена во животот? Парите не треба да бидат главниот мотив овде.

2. Вистинската идеја во вистинско време. Дали верувате дека имате идеја за нова компанија која можете да ја реализирате подобро од било кој друг и со неа да остварите конкурентна предност? Доколку размислувате за реализација на непрофитна организација, дали можете луѓето околу Вас да ги привлечете со Вашата идеја?

3. Направете попис на она што го имате. Бидете самокритични кон Вас и кон Вашата организација во однос на силните и слабите страни, заканите и можностите (SWOT анализа). Со какви ресурси располагате, кои вештини ги имате, кои функции можете да ги извршувате, во што знаете да бидете најдобри?

4. Утврдете ги потребите на клиентите. Дали клиентите навистина имаат потреба од она што Вие сакате да го работите или на тоа гледаат како на нешто што “само би било убаво да го имаат”? Дали тоа им е потребно за да успеат на огромниот растечки пазар или да остварат дополнителен профит?

5. Овозможување минимални ресурси. Една од најголемите дилеми на сите претприемачи се времето и парите во периодот кој доаѓа. Дали имате нешто заштедено, или имате на располагање средства од пријателите, или сè уште сте вработени и имате приходи од кои ќе ја поддржите транзицијата?

6. Визуелизирајте ја иднината. Како си го замислувате Вашиот бизнис дека ќе изгледа за пет или за десет години? Дали Вашата глава е преполна со идеи за обновување на искуството, или едноставно се обидувате да изградите семеен бизнис?

7. Одржувајте ги постоечките познанства. Колку според Вас е важен балансот помеѓу семејството, пријателите и работата? Дали имате зависни фактори кои мора да ги вклучите во секој иден план за кариерата или во Вашиот живот? Кои ресурси за лична поддршка Ви се на располагање?

8. Образование и дообучување. Дали реализацијата на Вашиот сон бара да вложите дополнително време и средства за обука или за високо образование? Доколку е така, дали ова можете да го покриете со план за дообучување? Кои други недостатоци треба да ги покриете?

9. Локација. Најголемиот дел од претприемачките чекори може најдобро да се извршат на одредено место или на конкретна географска локација или држава. Дали би биле расположени да се преселите доколку тоа го бара стратешкиот план? Дали евентуално можете да започнете онаму каде што сте и подоцна да се преселите на друга локација?

10. Желба и можности за мерење. Дали можете да утврдите мерливи точки кои ќе ви помогнат да го следите напредокот и да имате повратна информација? Стратешките планови кои не може да се измерат никогаш нема ни да бидат реализирани. Дали сте подготвени да ги достигнете планираните точки и да го мерите напредокот?

Овде немам намера да сугерирам дека стратешки план е работа која треба еднаш да се направи и толку. Всушност, се работи за токму спротивното, секој план треба да биде подобруван и прилагодуван со текот на времето како што ќе учите сè повеќе и како што ќе се менува светот околу Вас.

Претприемач

Oд друга страна, доколку Вашиот начин на водење бизнис може да се опише како распалување пожари а потоа нивно гаснење, за да ги искористите приликите кои Ви се пружаат денес, не треба да ги оставате работите да бидат само посакувања и желби. Падовите понекогаш може да бидат многу тешки и дефинитивно не може да бидат дел од долгорочна стратегија за успех.

Автор: Марти Звилинг, основач и извршен директор на Startup Professionals, Inc.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк: http://blog.rockthepost.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO