«

»

Aug 24

Претприемништвото во САД

Според некои истражувања во Америка живеат повеќе од 10 милиони милионери. Шокантно е откритието дека Америка создава толку многу успешни луѓе. На што се должи тоа?

Alexis de Tosqueville, во своето дело Американска демократија забележува: „храброста на претпријатијата е најзначајната причина за брзиот развој на Америка, нејзината сила, и нејзината големина“ (Alexis de Tosqueville, Democracy in America, 1830). Ретко кој од познавачите на американската економијата и бизнисот не би се сложил со оваа констатација направена уште во 1830 година. Под храброст на претпријатијата Tosqueville подразбира „претприемништво, процес на иновирање, кој во услови на ризик и неизвесност води кон нов ризик“ (David Gray & Alexander Knonetzki, Honoring America’s Enterpreneurial Culture, 2006 ).

Малите фирми во САД успеваат поради претприемничката култура на нацијата. Претприемништвото е високо почитуван концепт кој е длабоко навлезен во многу области. Малите бизниси и претприемачи напредуваат одлично и се подготвени да се борат и да бидат конкурентни и успешни во денешната глобална економија. Америка има релативно слободен пазар и високо продуктивна работна сила. Овие претпријатија успеваат бидејќи регулативата и бариерите за превземање на ризик во САД се ниски. Капиталот е достапен и американскиот пазар ги наградува оние кои превземаат ризик и работат профитабилно.

Зошто земјите во Европа не покажуваат таков успех?

Спред Carl Schramm, претседател и извршен директор на Фондацијата Ewing Marion Kauffman, водечка институција во областа на претприемништвото, една од причините зошто САД креирале 30 милиони нови работни места во предходните две декади, а Европа не, е делумно затоа што европјаните не започнуваат сопствен бизнис масовно како што тоа го прават американците

Според тезите на Edmund S.Phelps, професор на Универзитетот во Колумбија и добитник на Нобелова награда за економија во 2006 година, основата на проблемите кај Европските земји лежи во недостигот на економски динамизам и стапката на успешно комерцијализирани иновации. Динамизмот на земјата, кој споро се менува, не се мери преку стапката на раст на кратки или средни патеки. Нивото на динамизам покажува колку е богата земјата со нови идеи и иновации кои можат да бидат профитабилни и колку е подготвена да процени и проба да произведе нови производи со нови методи кои ќе бидат лансирани на пазарот.

Причината за непостоењето на динамизам лежи во европскиот економски модел, кој се применува ако не во сите тогаш во поголемиот дел од земјите во Европа. Економскиот модел на земјата го детерминира нивото на динамизам, кој е решавачки за детерминирање на економските резултати на земјата. Онаму каде што има повеќе претприемнички активности и повеќе иновации, како и соодветни финансиски и менаџерски активности, има повеќе слободни работни места, кои се релативно исполнувачки и ангажирачки. Учеството се зголемува соодветно, а продуктивноста постепено расте.

Духот на стимулирање, решавање на проблеми, можност за одлучување и креативност, имаат влијание на динамизмот на земјата и на нејзините економски перформанси. Во оние земји каде тој дух е слаб, претприемничките активности се на ниско ниво.

Снежана Какуринова

Оттаму, националната култура на една земја има големо влијание врз националните економски показатели: продуктивноста, просперитетот и личниот развој. Излезот земјите во Европа треба да го бараат токму во реформирање на економските институциите и економската култура. Креирањето на Лисабонската агенда, укажува на напорите што Европа започна да ги прави во оваа насока.

Aвтор: М-р Снежана Какуринова е Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC) и Извршен директор на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ. http://www.key.com.mk.

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO