«

»

Sep 08

Претприемништво – привилегија на високоразвиените земји

Преку внатрешна алокација на претприемнички талент во правец на иновирање на производите и процесот или преку користење надворешни соработници (outsourcing), развиените економии со забрзани чекори се движат кон претприемничка економија: производствена структура која се потпира на производство на нови продукти и иновирање на постоечки продукти со цел креирање на додадена вредност. Дали е тоа случај и со земјите во развој и земјите во транзиција?

Глобализацијата предизвика фундаментални, но, спротивставени промени кај развиените и кај земјите во развој. Така, од една страна, земјите во развој, се здобиваат со компаративни предности од економските активности во подоцнежните фази од животниот циклус на производот, каде класичните фактори како работна сила и капитал играат важна улога. Од друга страна, развиените земји, од традиционално индустриски, преминуваат кон економски активности во раните фази на животниот циклус на производот.

Оваа преориентација е особено засилена со сè поголемата примена на информатичко-компјутерската технологија (ИКТ) која дава можност за надворешни соработници (outsourcing), како и многу можности за нови производи и услуги во развиените земји. Коинциденцијата на овие трендови предизвика промени и ги натера развиените земји да навлезат во претприемничка економија, додека земјите во развој забрзано се индустријализираат.

Затоа владите на земјите во развој и земјите во транзиција треба да ги прилагодат своите политики за пазарот на труд и социјална сигурност кон новата економска реалност. Флексибилност, мобилност и можност за вработување се клучни вредности за работниците и самовработените во претприемничката економија. Земјите во развој и земјите во транзиција треба да ги насочат своите активности од фокусирање кон индустријализација и странски директни инвестиции (СДИ) кон изградба на локални капацитети и абсорбирање на нови технологии.

Снежана Какуринова

Дали потребата од претприемничка економија ќе биде перманентна или едноставно привремена ќе зависи од природата на глобализацијата. Сепак, се чини изгледите за враќање кон индустријализација во скоро време се мали, скоро и да не постојат. Претприемничката економија зафаќа се поголем број на современи национални економии. Затоа, со право се вели дека претприемништвото е глобален процес.

Aвтор: М-р Снежана Какуринова е Сертифициран Менаџмент Консултант (CMC) и Извршен директор на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ. http://www.key.com.mk.

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO