«

»

Aug 26

Како промените влијаат на претприемачите

Др. Фил Харис, основачот на блогот AGP Academy, дава свое видување за тоа како промените во општеството влијаат на претприемачите.

Претприемачите денес успеваат некако да опстојат во суровата глобална економија поради тоа што големите компании се под постојано политичко влијание. Со цел да се заштитат од конкуренцијата, компаниите во спрега со државата формираат монополи и со тоа се обидуваат да го заштитат богатството кое го имаат стекнато.

Во тешки времиња, владите започнуваат да преземаат мерки како алтернативен начин за да остварат економски резултати. Со тоа ја одземаат слободата на индивидуалците и ги убиваат иницијативите за нова креативност. Монополите се една од главните причини за “некреативност” и оставаат празнина во општествените промени кои вообичаено ги водат претприемачите. Претприемачите за време на “некреативност” своите активности ги насочуваат во други области. Во таков случај, правилата за игра треба да се променат со цел да се возобнови продуктивното претприемништво.

Појавата на “некреативност” кај претприемачите предизвикува бирократија, каде бирократските менаџери се обидуваат да ги надминат претприемачите со цел што повеќе да заработат од корумпираното општество. Променливите услови во минатото влијаеле на претприемништвото со што се создавале продуктивни, непродуктивни и деструктивни периоди.

Во време на непродуктивните и деструктивните периоди, за работниците важат робовладетелски услови за работа бидејќи тие од компаниите не се вреднувани доволно како во продуктивните периоди. Тоа резултира со корупција која создава мизерни услови за работниците, токму поради недостатокот од креативност.

Претприемачите пак од друга страна, се обидуваат да создадат ново богатство и воведуваат нови продукти и услуги, измислуваат нови машини за производство, создаваат нови пазари и откриваат нови извори за снабдување. Улогата на претприемачот е да создава и кога условите се менуваат и се влошуваат. Со други зборови, како што се менуваат правилата на игра, условите предизвикуваат промена во претприемништвото.

Со цел да се промовира претприемништвото во општеството, потребно е да се променат правилата на игра. Дел од промените вклучуваат законски промени, поттикнување нови трговски зделки и инвестиции, подобрување на образованието, создавање демократски услови и воведување на законски прописи за поттикнување на раст и просперитет.

Потребно е постојано да се потенцира колку е важно претприемништвото за економијата на државата. Најголемиот број претприемачи се фокусираат на создавање профит. Наместо тоа, треба да се фокусираат на тоа колку претприемништвото е битно за економијата. Треба едноставно да уживаат во претприемничкото искуство.

Една од работите која треба да се промени е начинот на кој претприемачите се справуваат со нивната улога во општеството. Да се охрабрат и почнат да учат од малите грешки. Претприемачите не треба да се плашат од грешки. Најголемиот проблем кој го имаат е страв од грешки и немањето волја за справување во тешки ситуации.

Да се охрабрат младите претприемачи и да се обидат со свои иницијативи да ги надминат овие тешки времиња и да не се грижат за тоа што другите мислат за нив. Претприемачите се најдобри кога се упорни во својата замисла и постојано пробуваат различни пристапи за реализација на својата идеја.

Преземено од APG Academy of Entrepreneurship

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO