«

»

Aug 29

Решавање проблеми – Избирање стратегија со користење на креативно размислување

Имате проблем? Не сте сами. Сите ние секојдневно се среќаваме со проблеми. Животот е бескрајна низа од проблеми. Добрата работа е што секој проблем има решение, иако тоа не секогаш е очигледно од самиот почеток. Решавањето проблеми може да биде сложено и фруструрачки. Консултантот Пеѓа Г. на својот блот www.newcreativeyou.com споделува две техники за креативно размислување кои би требало да ни помогнат да се справиме со проблематичните ситуации и полесно да стигнеме до посакуваните цели.

Да се обидеме да пишуваме сценарија за во иднината.

Според речниците, ’сценарио претставува е замислена или проектирана серија од настани, за која постојат детални планирани активности или можности’. Сценаријата се многу корисни креативни алатки бидејќи тие може да понудат увид во потенцијални ситуации и средини во кои може да се најдете додека се обидувате да решите одреден проблем. Тие исто така може да индицираат кои фактори од околината треба да се набљудуваат во текот на времето, исто како и промените во средината, за да можете да препознаете во која насока ќе се движат работите. Не е потребно да бидете вешт писател за да можете да напишете сценарио за иднината. Потребно е само да изработите што е можно повеќе сценарија за проблемот и што е можно повеќе решенија. Потоа искористете го Вашето искуство и имагинација за да создадете Ваши верзии идните настани. Добра работа околу пишувањето сценарио е дека тие се помалку ризични од стандардните планирани активности и се пофлексибилни бидејќи тие не се потпираат на стандардни бизнис прогнози или трендовски анализи. Најдоброто околу оваа техника на решавање проблеми е што можете сценаријата да ги искористите во Вашиот бизнис – кога одлучувате за идни стратегии, а исто така и во Вашиот приватен живот – да си помогнете во дефинирањето на животните цели и насоките до нивното исполнување.

Алтернативни сценарија

За да можете да пишувате алтернативни сценарија ќе треба да ги идентификувате главните фактори на околината кои би можеле да влијаат на иднината, а потоа, изберете го решението за проблемот. Факторите може да бидат од најразлична природа и тие би можеле да влијаат на условите за имплементација на одредена идеја или стратегија. Потоа, би требало да развиете четири сценарија базирани на клучните фактори, вклучувајќи ги и најважните и најдеструктивните фактори (оние кои се целосно вон Ваша контрола). Овие четири сценарија се:

Статус Кво сценарио – за иднина во која сегашните услови и понатаму важат (нпр. Законодавство, општествени трендови, културни прилики, економски услови…);

Одржливо сценарио – сценарио базирано на ресурси или базирано на вредности, она кое ги зема предвид најверојатните идни културни трендови и вредности;

Сценарио за пропаст – она во кое барем еден од условите се менува на најлошо, или во кое се руши целокупниот сегашен систем;

Развојно сценарио – како спротивност на Статус Кво сценариото – она во кое се промовираат нови вредности, ново размислување, нови општествени и културни трендови (нпр. Прекинување со вековните традиции и тековните навики…)

Животот е непредвидлив и без оглед колку да сме паметни и креативни, веројатно е дека еден ден ќе бидеме изненадени со неочекуван развој на настаните. Можни се неколку различни, дури и сите четири сценарија да се случат во блиската иднина. Исто така, одредени работи и предвидувања од различни сценарија би можеле да се случат истовремено и да станат дел од нашата реалност. Со овие четири сценарија пред нас, ние ќе имаме целосен преглед на можниот иден развој на настаните и евентуалните активности кои би можеле да ги преземеме согласно одредено сценарио. Би можеле да ги комбинираме идните активности, согласно тековните услови во околината.

Алтернативни сценарија може да бидат напишани како опис на приватниот живот во различни средини кои би можеле да Ви се случат токму Вам:

Статус Кво сценарио – Ми се допаѓа животот каков што е сега; Задоволен сум со она што сум сега; со мојот стил на живеење, моите вредности и моите интереси нема значително да се променат;

Одржливо сценарио – Подготвен сум да се променам и да прифатам нови вредности, услови, трендови… кои модерното општество ќе ми ги наметне;

Сценарио за пропаст – мојот живот би можел да тргне наопаку поради некои лични, економски и други проблеми кои би можеле да се појават во иднина;

Развојно сценарио – Јас раководам со моја сопствена иднина. Ја создавам мојата реалност. Ќе живеам нов живот и ќе ги прекинам сите работи кои ме поврзуваат со она што бев претходно.

Па повелете, изберете ја Вашата иднина!

Перфектно сценарио

Овде потребно е да се замислите во состојба во која се решени сите Ваши проблеми и сте ги постигнале посакуваните цели. Напишете детален опис за идеалната состојба во која се наоѓаат Вашиот бизнис, проект или Вашиот приватен живот. Користете што е можно повеќе детали на кои можете да се сетите – обидете се Вашата визија да ја направите толку реална што ќе можете да ја видите следниот пат кога ќе ги отворите очите.

Преку визуелизирање на идеалната иднина, Вие ќе го блокирате негативното рамислување и ќе ја мотивирате потсвеста креативно да размислува за можните проблеми во иднина. Освен тоа, преку размислување за подалечната иднина, ќе се заштитите од сегашните нарушувања кои вообичаено имаат тенденција да го блокираат Вашето креативно размислување. Процесот на пишување на идеалното сценарио ќе Ви открие бројни значајни фактори кои влијаат на Вашата замисла. Преку менување на составните делови на идејата, подоцна ќе можете полесно да се снајдете така што дури и ако се случи да не биде сè идеално, ќе бидете задоволни со крајниот резултат.

Во следните неколку дена навраќајте се повеќе пати на Вашето идеално сценарио и запишете ги сите активности кои треба да ги преземете за да ја постигнете посакуваната иднина. Дајте си себеси неколку дена за да ја креирате целосната листа на активности и идеи кои треба да ги реализирате. Запишете ги сите активности и идеи по хронолошки редослед, започнувајќи од денес па сè до посакуваната иднина. Доколку е тоа сложен проект со чекори кои се преклопуваат еден со друг, или доколку постојат одредени активности кои бараат повеќе време и ресурси за извршување, активностите внесете ги во табела и подредете ги хронолошки. Потоа започнете со реализација на запишаните активности. Кои активности можете да ги завршите овој месец и кои ќе ве доближат до целта? Коисе работите кои би можеле да ги завршите оваа седмица? Или денес?

Решавањето проблеми бара многу храброст и енергија, но доколку изработите добра стратегија и крајната цел ја поделите на повеќе помали задачи кои лесно се завршуваат, со секоја нова завршена задача, Вие ќе бидете еден чекор поблиску до целта.

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO