«

»

Sep 29

Потребата за средства при започнување нов бизнис

Силвеин Рочон е сопственик на консултантска фирма за претпримеништво. На својот блог ја споделува оваа интересна статија.

Веројатно, кога би започнувале нов бизнис, не би сакале да имате потреба од големи финансиски средства на самиот почеток. Понекогаш тоа е неопходно. но најчесто најдобро е да започнете со средствата и со алатките кои лично Вие ги имате на располагање и тоа преку воспоставување на интелигентен стратешки план.

На пример, една од моите клиентки на која ѝ бев ментор, сакаше да отвори специјализиран кафе бар но не поседуваше никакви средства за плаќање дополнителна кирија, персонал, садови, ниту за опрема. Сето ова претставува оправдан трошок. но е вон нејзините моментални можности.

После разговорот со мене и со уште еден искусен претприемач, разработивме план во кој таа започнува да прави работи кои ѝ се омилени. Затоа таа започнува да пишува и да се рекламира, со цел да привлече на идеологијата за нејзиниот специјализиран кафе бар, преку пишување на мал прирачник на оваа тема, а во меѓувреме започнува да креира и да постира кратки видеа на истата тема. Ова се работите кои таа ужива да ги прави и уште подобро е што овие работи може да ги прави бесплатно, без никакви дополнителни трошоци.

На почетокот на овој процес, таа отворила свој блог и отворила свој видео канал на YouTube, преку кои прибира реакции од луѓето кои ја читаат и кои ја следат. Таа тоа го прави преку нејзиниот талент за маркетинг и рекламирање, а преку нејзиниот прирачник таа ќе продолжи да пишува што претставува уште една работа во која таа ужива. Откако прирачникот ќе биде завршен, таа ќе може самата и да го објави и да го сподели без никаква надокнада со нејзините следачи. Исто така ќе може да го подели и на луѓето кои секојдневно ги сретнува насекаде, како и со издавачите на книги, па и со медиумите сè со цел да привлече што поголемо внимание кон нејзината идеја, а со тоа вниманието на луѓето да го привлече кон себе.

Набрзо, после одреден разумен вложен труд, таа успеа да привлече средства од неколку различни извори кои ќе ги обединат заинтересираните купувачи кои таа ги пронашла, јавноста како и други страни. Со тоа таа себеси си го олеснува патот до прибирање на потребните средства за започнување со бизнисот и побрзо реализирање на нејзината идеја. Уште подобро, таа веќе има и неколку силно заинтересирани клиенти кои се воодушевени од идејата и кои едвај чекаат на отворање на првиот кафе бар, што уште повеќе ја охрабрува во што поскоро започнување.

Како што гледате, секогаш постои начин за започнување со бизнис кој бара значителни средства на почеток и за што е потребно стратешко подготвување и добро планирање.

Долната граница е дека во вакви ситуации морате да размислувате стратешки, креативно и на проблематиката да гледате од неколку различни аспекти за да на крај успеете со Вашата идеја. Најважно е да имате мрежа од стручни советници, а доколку немате тогаш најдете си ментор како да ја изградите оваа мрежа. Тоа ќе биде најдобро вложеното време, а со тек на време ќе се покаже и како Ваша најдобра инвестиција. Обидете се да бидете различни, да бидете оригинални.

Преземено од: http://sylvainrochon.blogspot.ca/

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO