«

Nov 26

Што е бизнис циклус?

Бизнис циклус е важна алатка за сите претприемачи кога се прават прогнози и стратешки планови. Иако бизнис циклусот се состои од две главни фази на ширење и на паѓање, овој циклус може да биде поделен во шест помали фази. Еве повеќе детали за овој пристап.

Бизнис циклусот се однесува на периодите на бизнис ширење и на опаѓање. Кога бизнис циклусот е во ширење, тој минува низ три фази: на опоравување, на растење и на врв. Кога бизнис циклусот паѓа, тој минува низ фазите на рецесија, депресија и подем.

Од економски аспект, еден бизнис циклус одговара на бизнисот на сите индустрии така да економистите може да прават анализи и да донесуваат заклучоци за сегашната и за идната општа состојба во економијата. Но, бизнис циклусите исто така може да бидат поделени и на конкретни индустрии така да сопствениците на бизниси може да извлечат информација која е директно на поврзана со нивната компанија.

Основните движечки сили кои го водат бизнис циклусот се набавката и побарувачката. Бизнисите мора своите набавки и залихи да ги базираат согласно побарувачката на потрошувачите. Кога потрошувачите ќе се почувствуваат нервозни околу моменталната економска состојба, тие започмнуваат да ја намалат потрошувачката. Кога потрошувачите започнуваат да ја намалуваат потрошувачката, тогаш бизнисите мора да ги намалат своите залихи, да ги скратат трошоците, а многу веројатно и да отпуштат дел од своите вработени.

Претприемачите би требало добро да го проанализираат бизнис циклусот пред да го започнат својот бизнис за да можат добро да го темпираат моментот кога да влезат на пазарот. На пример, доколку започнат со бизнисот во време на врвна фаза, претприемачите треба да бидат подготвени за најавениот пад во побарувачката на потрошувачите. Работењето би требало да се подреди на идните фази, а истовремено да се избегнат непотребните залихи.

Фаза на ширење на бизнис циклусот

Фазата на ширење на бизнис циклусот укажува на зголемување на активностите.

Опоравување. Потрошувачите полека стекнуваат доверба во економските прилики и започнуваат да прават мали нарачки. Ова зголемување на активностите ги охрабрува бизнисите да започнат да инвестираат во дополнителни залихи, по што следува зголемување на продажбата и нови вработувања.

Растење. Потрошувачите започнуваат да купуваат стоки и прават сè поголеми нарачки. Бизнисите нарачуваат нова опрема и нови машини, ги зголемуваат платите на вработените и ги зголемуваат цените.

Врв. Довербата на потрошувачите започнува да опаѓа и тие полека намалуваат со потрошувачката. Бизнисмените ги намалуваат инвестициите во својот бизнис и одржуваат ниско ниво на залиха.

Фаза на опаѓање на бизнис циклусот

Ова е фазата во која се намалува довербата на потрошувачите, а исто така се намалува и обемот на активности.

Рецесија. Полека опаѓа довербата на потрошувачите и затоа луѓето ги прекинуваат големите нарачки и трошоци, како на пример купување на автомобили или уреди за домаќинство.

Депресија. Довербата на потрошувачите опаѓа со поголемо темпо поради што тие нарачуваат сè помали количини од сите видови стоки. Бизнисите се обидуваат да ги испразнат полиците од непотребните залихи, да ги скратат трошоците да го забават производството и на крајот да отпуштат дел од вработените.

Подем. Нивото на доверба на потрошувачите започнува да расте и тие повторно започнуваат да прават нови нарачки. Бизнисите започнуваат да се стабилизираат и започнуваат да го зголемуваат производството и да го зголемат обемот на работење.

Со цел да го утврдат моменталниот бизнис циклус за специфична индустрија, најголемиот дел од бизнисите мораат да платат за студија со која ќе се изработи истражување на пазарот. Најголемиот дел од јавно достапните информации го формираат целокупниот бизнис циклус, и не се специфини за поодделни индустрии.

Преземено од: 4 Business Networking: What is the Business Cycle?

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO