»

Aug 16

Тајното задоволство за подобра работа

Веруваме дека треба да работиме за да бидеме задоволни, но можно ли е обратното да е поточно? Во својот брз и забавен говор од TEDx, психологот Шон Акор дискутира за тоа како задоволството кај луѓето инспирира продуктивност.

Да се биде над просекот
Доколку се постави прашањето: Колку брзо може да научи да чита едно дете во училница?, научниците се обидуваат да одговoрат: Колку брзо едно просечното дете успева да научи да чита? Потоа целиот клас се крои во однос на тој просек.

Oна што Шон и позитивната психологија го застапуваат е дека доколку се проучува она што е само просечно, останува само просечно. Така за сите позитивни исклучоци над просекот, Шон се запрашува: Зошто овие случаи се над просекот? Зошто некои од луѓето се поставени толку повисоко од кривата во однос на нивните способности?

Наместо да ги избрише, Шон се обидува да ги проучи, собира информации – како да ги донесе луѓето до просекот и потоа како да го помести целиот просек нагоре.

Како го гледаме светот?
Повеќето вести во медиумите се за убиства, корупција, болести, природни катастрофи. Затоа, нашиот мозок започнува да мисли дека тоа е точниот сооднос на негативни и позитивни случувања во светот. Ова креира т.н. синдром на медицинско училиште – доколку познавате луѓе кои студирале медицина знаете дека во првата година од студирањето, како што ги читаат списоците на симптоми и болести кои можат да се појават, тие сфаќаат дека ги имаат сите од нив.

Она што го осознаваме е дека нас не нè оформува реалноста, туку призмата низ која нашиот мозок го гледа светот ја оформува реалноста. И доколку можеме да ја промениме призмата, истовремено ќе го промениме и секој друг исход. Доколку ја промениме нашата формула за задоволство и успех, можеме да го промениме начинот на кој делуваме на реалноста.

Погледнете го целото видео и откријте која е Формулата за успех на Шон Акор. Шон, исто така зборува и за начин Како да бидете подобри во она што го работите и Колку денови се потребни за да успешно промените една навика кај себе

Шон Акор: Тајното задоволство за подобра работа

Преземено од: www.ted.com

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO