«

»

Oct 02

Удобното живеење во градовите

Дали може технолошките пронајдоци навистина да помогнат за зелена животна средина во наашите градови? Дали технолошките идеи од младите претприемачки бизниси би можеле да бидат двигателите за напредок на ова поле? Еден собир на претприемачи во Лондон наменет за штотуку отворени фирми од технологијата ги изнесе своите амбициозни идеи на еден многу практичен тест.

За многумина, градовите и удобниот живот не одат заедно. Сепак, некои од истражувачите денес мислат дека нашите најголеми градови имаат барем едно решение за оние кои бараат удобен живот. Еден извештај кој бил објавен во Март 2012 година во САД, вели: Колку градовите се витални за иднината на удобноста, сугерира и тоа дека градовите дури и ќе станат клучни точки за одржлив развој.

Размислувањето е дека, како што градовите растат, тие стануваат сè попродуктивни и економски сè повеќе се развиваат. Бидејќи жителите во градовите го формираат мнозинството од светската популација, големите градови денес служат како главни организациски центри. Како што големите градови се поврзуваат помеѓу себе – дигитално, економски и општествено – така односите помеѓу жителите уште повеќе се интензивираат, што води до поразвиена инфраструктура и до раст на системската брзина и ефикасност.

IBM се обидел и практично да ги утврди овие предизвици. Компанијата Smarter Cities Start Summits ќе се состане со заинтересирани лице и фирми од разни области за да отвори дебатен пристап за удобно живеење во градовите. На една друга конференција во Велика Британија ќе се разгледаат предивиците на пет големи градови и ќе се изработи акционен план за истите.

За да се поддржат аспектите на локалните иновации од агендата на Smarter Cities, како и охрабрувањето на тенолошките претприемачи, IBM започна со кампања низ светот IBM SmartCamp – годишна програма за технолошки претприемачки фирми во зачеток.

Во Октомври 2012 година, IBM организираше и посебен настан во Лондон наменет за технолошките претприемачки фирми заинтересирани за иновации кои ќе им помогнат да изградат попаметни и поинтелигентни локални инфраструктура и комуникациски системи, кои ќе помогнат во воспоставување на поодржливи можности за живеење.

На настанот во Лондон, претприемачите ги презентираа своите бизнис модели за оценка од страна на технолошки експерти, инвеститори во нови бизниси, како и пред IBM технолошките лидери. Победниците од овој циклус потоа ќе бидат проследени до IBM Global Entrepreneur initiative – кои пристапуваат до глобалните вмрежувачки кругови и технолошки ресурси и потенцијално, ќе можат да напредуваат до следната фаза за финансиска помош.

Јасниот фокус на програмата врз комерцијалната комотност и одржливост, не е без предизвиците за учесниците. Победникот од 2010 година во Лондон од настанот Worldsensing – кој изработил софтверска апликација која им помага на мотоциклистите да паркираат многу побрзо и полесно – со што им го променил животот. Технолошкиот директор на компанијата, Миша Долер рекол: “Научивме многу и воведовме револуција во нашиот бизнис. Процесот на апликацијата нè присили за првпат да се фокусираме на тоа да се идентификуваме кои сме денес, кои сме биле во минатото, што сме сакале и кому сме служеле.

“Во почетната фаза на апликацијата, од финалистите од Лондон како и од нивните ментори, научивме да се фокусираме на главното и да отфрлиме сè што не е суштински за нашиот бизнис, без оглед колку ни се допаѓало тоа. Изгледа тешко, но е многу исплатливо на долги патеки.”

Миша ја гледа трансформацијата на благодетите од настанот. “Добивме навистина компетентно менторирање од сите аспекти на претприемачките бизниси. Научивме како нешто да доведеме до уметност, научивме што инвеститорите сакаат да слушнат а што не сакаат, бевме изложени на директна конкуренција во меѓународната заедница.”

Се разбира, IBM SmartCamp не е единствената во поддржувањето на младите бизниси – но овие настани се фокусирани на изнаоѓање на одржливи области на подолг период. Тие се многу практични во нивниот пристап, а исто така, и даваат експертски совети и менторирање на младите бизниси.

Сајмон Кларк, еден од менторите во овогодинешната програма вели: “IBM SmartCamps се разликува од многу други вакви собири по тоа што тие се фокусираат на водење интересни иновации кои ќе го променат начинот на кој ги правиме работите додека истовремено да пружаат и комерцијални можности. Од многу настани по завршувањето останува само доброто чувство на неколку нови познанства. Некои други настани пак зад себе оставаат идеи кои се импресивни сами по себе, но на крајот излегува дека имаат мала бизнис вредност.”

Според Кларк, најуспешните учесници демонстрираат и практични идеи и реален фокус во нивното комерцијализирање: “Претходниот победник, даде ефективна, тактички фокусирана понуда за производители кои трагаат по побрзо дознавање на цените на конкуренцијата. Компанијата не ја ограничи својата понуда на пробување стратешки да го преиспита поставувањето на цените на пазарот. Како резултат, тоа вроди со продукт кој имаше огромна вредност за потрошувачите. Овој вид на настани им помага на младите технолошки бизниси да развијат иновации кои ќе поддржат поудобно живеење додека истовремено се развиваат кон поголем раст и зголемен профит.”

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO