«

»

Nov 06

Важноста на англискиот јазик во модерниот бизнис свет

Според пресметките на Британскиот Совет, англискиот јазик е третиот најзборуван јазик во светот. Со околу 2 милиони лица кои можат да го збооруваат овој јазик, англискиот станал меѓународен јазик за бизнис комуникација, особено во одредени индустрии како патување, хотелиерство, трговија, инженерство, здравство и финансии.

Историјата на англискиот како бизнис јазик

Англискиот јазик станал популарен во светот како резултат на бројните англиски колонии. Тоа му овозможило на голем дел од поробеното население да го изучува овој јазик. Англискиот јазик е прифатен како стандарден јазик за комуникација во голем број африкански и азиски земји, кои се карактеристични по големиот број на различни локални јазиици и дијалекти. Како резултат на ова, англискиот јазик бил прифатен како официјален светски јазик во глобалното тргување. Во модерниот свет, англискиот јазик е клучен во неколку водечки глобални индустрии.

Бизнис англиски јазик за патување

Англискиот јазик е неопходен за сите членови на авионскиот екипаж, како и за контролерите на авионскиот сообраќај. Дополнително, англискиот јазик е усвоен како стандард за транспортни индустрии и поштенски фирми. Суштинско за работа во тие индустрии е познавање на англискиот јазик, како во говорна, така и во пишувана форма.

Бизнис англиски за хотелиерството

Хотелите низ целиот свет постојано се во потрага по работен персонал со познавање на англиски јазик – за работа на прием на гости, во ресторан или во други оддели во хотелот. Дури и за најситните услуги, како преноќување со доручек, хотелите се трудат да ангажираат персонал кој зборува англиски јазик. Многумина кои сакаат да се вработат во хотелиерската индустрија го изучуваат англискиот како прв странски јазик или како втор мајчин јазик со цел да го подобрат своето познавање и да напредуваат во кариерата. Тие би требало да зборуваат англиски прилично добро, како и да поседуваат добро познавање на пишан англиски јазик за стандарди и работни задачи како издавање сметки, наплаќање, давање инструкции, а и за општа бизнис кореспонденција.

Бизнис англиски за инженерство

Студентите кои имаат намера да студираат инженерство, честопати се одлучуваат да се запишат на специјализирани часови по англиски јазик со цел да можат да си создадат што е можно повеќе работни прилики за самите себе, надвор од родната земја, или во земјата каде што живеат, но на големи меѓународно поддржани проекти. Нив им е потребно големо познавање на говорен и пишан англиски јазик за комуникација, како и напредно познавање на технички термини од англискиот јазик.

Бизнис англиски за здравствени професии

Докторите и медицинските сестри од третиот свет честопати посетуваат специјализирани курсеви по англиски јазик, со цел да се здобијат со прилика да се вработат на добро работно место во болница, во сопствената земја или некаде во странство. Нив им е потребно напредно познавање на говорен и пишан англиски јазик за комуникација, како и многу прецизна и точна медицинска терминологија на англиски јазик.

Бизнис англиски јазик за финансии

Голем број од трансакциите на светските берзи се реализираат во земјите од англиско говорно подрачје. Тука се вбројуваат и Њујоршката берза, NASDAQ, Американската берза, Лондонската берза, како и оние во Торонто, во Јоханесбург и во Австралија. Англискиот јазик станал клучен јазик за инвестирање, размената на валути, како и во банкарството. Бројни големи светски компании за своите вработени спроведуваат интерни курсеви по англиски јазик. Амбициозните студенти од третиот свет избираат да студираат во земји од англиското говорно подрачје, со цел да го подобрат својот англиски јазик и да си обезбедат поголем избор на работни места. Тие треба одлично да зборуваат англиски јазик и да имаат јасен финансиски речник.

Бизнис англиски јазик за информатика

Англискиот јазик денес е еден од клучните јазици на интернет. Секој оној кој сака да работи со компјутери или да води онлајн бизнис треба да поседува основни познавања на аглиски јазик и би требало добро да ги познава вообичаените фрази од секојдневниот англиски јазик.

Преземено од: www.4bn.co.uk

Претприемничка Академија

About the author

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

WordPress SEO